14.8 C
Skopje
Thursday, September 29, 2022
spot_img

Убавиот комплимент е секогаш добредојден

Дали може да се сетите кога последен пат сте дале или примиле комплимент? Примањето комплимент е слично како примањето подароци. Тоа е збир на позитивни енергии низ кои, на тој кој ви е драг, едноставно му го правите денот поубав. Честопати комплиментите знаат позитивно да влијаат на оние кои ги даваат, но и на тие кои ги примаат.

Меѓу подобрите комплименти ги издвојуваме:

  1. „Ти секогаш си тука за мене“. Секој има потреба од „рамо за плачење“. Ако сте личност на која другите можат да се потпрат, тогаш сигурно имате многу големо позитивно влијание врз другите, повеќе отколку што мислите.
    Дали вие имате таква личност во животот? Ако одговорот е да, возвратете со овој убав комплимент.
  2. „Секогаш успеваш да ме насмееш“. И во најтешките моменти, важно е да се најде позитивност. Во некои случаи, зрнцето светлина доаѓа токму од личноста која успева да ви ја врати насмевката на лицето.
  3. „Секогаш ја гледаш чашата полуполна“. Различните ситуации може различно да се разберат. Кога на ситуацијата се гледа низ негативна перспектива, тоа може да доведе до стрес и затворање на патот до решението. Ако покрај себе имате личност која ви ја покажува светлата страна на работите, полесно ќе ви биде да ја разберете ситуацијата. Оптимизмот е секогаш добредојден.
  4. „Ти си / ќе бидеш одличен родител“. Да се биде родител значи да се биде одговорен за животот и иднината на детето, како и да се биде личност која на детето му го дава најголемиот пример. Кога некој ќе ви каже дека ќе бидете или сте одличен родител, тоа значи дека ја гледа вашата вредност.
  5. „Убав(а) си и однадвор и одвнатре“. Убаво е кога се прима комплимент за физичкиот изглед. Но, тоа е нешто што малку ни го подигнува егото. Примањето комплимент за вашата внатрешна убавина, сепак има подлабоко значење.
  6. „Ти си одличен пример за другите“. Да се биде пример за другите, не е ни малку лесно. Тоа е голем комплимент.
  7. „Се што ќе кажеш го правиш“. Лесно е да се зборува за сите работи кои може да ги правиме. Но, кога навистина ќе дојде моментот кога е потребно да се делува, што всушност се презема? Тука се случува друга приказна. Одеднаш се чини дека сè е некако потешко. Кога некој ќе ви го подари овој комплимент тоа е навистина убаво признание и нешто на кое може да бидете навистина горди.
  8. „Ти благодарам за тоа што си таков каков си“. Овој комплимент звучи едноставно, но има големо и суштинско значење. Кога некој ќе ви даде ваков комплимент, таа личност не само што ве прифаќа какви сте туку и ве почитува. Ништо повеќе, ништо помалку.

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

3,649FansLike
1,468FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ