8.8 C
Skopje
Thursday, April 18, 2024
spot_img

Тантруми: како да ги препознаеме и да се справиме со нив

Напад на бес или тантрум (temper tantrum) е афективно нарушување со генетска предиспозиција. Станува збор за обид за комуникација, која е отежната, па поради тоа се јавува и таа реакција. Најчесто се јавуваат во период од 1-3 година, како резултат на неможноста детето да се изрази. Емоциите кои се предизвикани од тантрумите можат да се јават во форма на: бес, фрустрација, вресок, плачење, па дури и удирање. Тоа е начинот на кој тие ги изразуваат своите чувства, односно, начинот на кој тие се обидуваат да го разберат или променат она што се случува околу нив.

Обидете се да ја разберете пораката.

Стрес, глад, умор, може да предизвикаат тантруми.

Педагогот Мира Ѓоргиева, открива дека за разлика од малите бебиња кај кои мокрењето, желбата за спиење или јадење се јавува како стрес, децата над две годишна возраст, стресот го доживуваат поинаку. Промени кои се јавуваат како резултат на стрес кај децата се: промени во однесување, немање контрола врз чувствата, пелтечење, асоцијалност, насилство, тврдоглавост, тантруми.

Кај малите деца тантрумите не се планирана реакција, но кај постарите деца можно е тоа да е научено однесување. Доколку при тантрум, детето се награди со нешто што тоа го посакува во тој момент, нападите на бес најверојатно е дека ќе се повторат, затоа што тоа им е совладан начин како да го добијат тоа што го сакаат.

Според педагогот Мира Ѓоргиева, детето учи од тоа што го гледа. Сите ние, родителите и возрасните сме пример за детето. Така е и во реакциите на стресот. Доколку родителот при состојба на стрес реагира со агресивно однесување, тоа ќе се провоцира и кај детето кое ќе приложи таков тип на однесување, или пак повлекување, депресија, негрижа за детето, непокажување љубов, резултира кај детето да се појават нуспојави кои се резултат на стресот. Најважно е на секое дете да му се покаже љубов, грижа и топлина.

Стратегија за справување

Справувањето со тантрумите за многу родители е вистински предизвик. Но, она што е многу важно е да се сфати дека децата имаа потреба од ред и рутина, бидејќи тоа ги прави сигурни и ги смирува.

Еве неколку тактики кои може да ви бидат корисни:

  • Воспоставете и држете се до дневната рутина, на тој начин детето ќе знае што да очекува;
  • Планирајте однапред. Задачите извршете ги во моменти кога детето не е гладно или уморно;
  • Дозволете му на детето само да донесе одлука. Поставете му прашање и дадете му избор тоа да одлучи што сака да облече или да јаде;
  • Бидете позитивен модел на идентификација;
  • Пофалете го неговото однесување. Дадете му дополнително внимание кога неговото однесување е добро. Прегрнете го и кажете му дека сте горди за неговото однесување;
  • Внимавајте на вашиот тон на гласот. Наместо да карате, зборувајте, објаснувајте.

Психологот од Институт за брак, семејство и системска пракса, Вида Гаврилоска за Приказна изјави: На родителите многу полесно им е да кажат „немој да го правиш тоа“, одошто да им укажат на децата што да прават. Ова е една од суштините на родителството, кога станува збор за помали дечиња, кога детето ќе тргне нешто да бара – родителот вели „не може“. Што и да е тоа што не може – сладолед, чоколадо или некоја скапа играчка. Нормално, на тоа детето почнува некако да реагира, можеби да плаче.

Кога детето се соочува со тантруми најважно е да останете смирени. Доколку одговорите со висок и лут тон на гласот, детето може да го имитира вашето однесување. Викањето со сигурност ќе ја влоши ситуацијата. Наместо тоа, обидете се на го насочите вниманието на детето кон нешто друго.

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,275FansLike
2,904FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ