11.8 C
Skopje
Friday, April 19, 2024
spot_img

Планирањето семејство по 35-тата година повеќе не е табу

Бројни студии покажуваат дека планирањето семејство по 35-тата година повеќе не е табу. Доколку се одлучите да станете родители во четвртата деценија од животот ви посочуваме дел од работите кои убаво е да ги знаете.

Од година во година, и мажите и жените се повеќе се одлучуваат да основаат семејство во третата и четвртата деценија. Бременоста по 35-тата година повеќе не е табу, а стереотипите трудницата а „стара родилка“ се надминуваат. Дополнително бременоста не се вбројува во ризична група. Сè повеќе партнери одлуката да основаат семејство ја носат по завршување на образованието, но и по стекнување на еден сигурен работниот однос.

Меѓународната конференција за население и развој, го дефинира репродуктивното здравје како „состојба на целосна физичка, ментална и социјална благосостојба, а не само отсуство на болест или слабост, во однос на сите прашања поврзани со репродуктивниот систем, правото на мажите и жените да бидат информирани и да имаат пристап до безбедни, ефективни, достапни и прифатливи методи за планирање на семејството по свој избор“

Репродуктивното здравје подразбира дека луѓето имаат задоволувачки и безбеден сексуален живот, способни се да остават потомство, но имаат слобода да одлучат дали, кога и колку често ќе имаат деца. За мажите и жените да можат слободно да одлучат [дали, кога и колку често ќе имаат деца], тие треба да се информирани за постоењето на безбедни, ефективни, евтини и прифатливи методи за планирање на семејство по нивни избор и да имаат легален пристап до истите. Исто така, треба да имаат и пристап до соодветни здравствени услуги кои ќе им овозможат на жените безбедна бременост, породување и оставање на здраво потомство.

Постојан бројни предрасуди поврзани со бременоста по 35-тата година меѓу кои:

  • Кај овие бремености голем е бројот на спонтани абортуси
  • Бременоста е ризична за идната мајка
  • Висок ризик од предвремено породување

Од каде потекнуваат овие предрасуди?

Некогаш се сметало дека шансите за забременување над 35-тата година се многу мали, но тоа мислење е темелено на погрешно разбирање на фактите и податоци на стапките на раѓање во 18 и 19 век. Тие не се применливи во модерното време поради многу причини, а најновите студии покажуваат дека жените кои сакаат да забременат по 35-тата година успеваат во голем број случаи.

Секако здравиот начин на живот ја зголемува можноста за забременување по 35-та година. Се препорачува да се редуцира внесот на алкохол и цигари, исто така индексот на телесната маса е од особено значење. Се препорачува телото да го доведете во што подобра форма пред зачнување на бебе.

По 35-тата година потребно е да обрнете внимание на:

  • Општа здравствена состојба
  • Избегнување на штетни состојки (лекови, алкохол, цигари)
  • Вежбање и спортски активности
  • Здрава исхрана
  • Со консултација со доктор користете витамински суплементи.

Истражувања во поново време укажуваат дека предвременото породување не е поврзано со животната доба на трудницата. На предвременото породување влијае начинот на живот, фамилијарна анамнеза или моменталните животни околности на кои е изложена трудницата.

Планирањето на семејство е прашање на човекови права кое е од суштинско значење за поддршка на жените.

Безбедна бременост всушност е бременост која е контролирана и во којашто има 2 сегменти. Едниот е дека пациентката треба сама да знае кои се состојбите и симптомите коишто може да укажат на некаква проблематична бременост и исто така на време да ги пријави кај својот матичен гинеколог, вели дрГлигор Тофоски. Од друга страна подразбира здравствен систем кој ќе и овозможи на пациентката во секое време да отиде на контрола кај специјалист, кој ќе и ги направи оние рутински прегледи во текот на бременоста што треба да ги откријат ризичните состојби. Тоа се состојби на анемија, хипертензија, гестациски дијабет, инфективни состојби кои би можеле да влијаат на плодот. Сето тоа може навреме да се открие. Постои една оптимална бројка на прегледи која пациентката треба да ја направи. Ние не можеме да направиме сите бремености да се добри, ќе има некоја од бременостите кои ќе завршат со лош исход на крај, но треба да се превенира што помалку од бременостите да бидат од таков тип, смета Тофоски.

Извор

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,279FansLike
2,913FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ