9.8 C
Skopje
Thursday, December 8, 2022
spot_img

Приказна од Приштина: Дуа Липа ја запали публиката на фестивалот Сани Хил

Завчера во Приштина, во Гермија парк започна третото издание на „Сани Хил Фестивал“. На првата фестивалска вечер настапуваа Елвана Џата, Галоски и светската ѕвезда со потекло од Косово, Дуа Липа.

Брилијантниот настап на Дуа почна со еден од најголемите хитови „Physical“ од нејзиниот последен албум „Future Nostalgia“, со што ја раздвижи атмосферата кај публиката во возбудлив ритам, кој не губеше од динамиката во текот на целиот настап од час и половина. Позитивните вибрации од целиот перформанс, предизвикаа комплетно аудио визуелно уживање за сите присутни.

Публиката ги пееше хитовите на Дуа, танцуваше во ритамот на енергетските бранови на песните „Hallucinate“,  „Be the One“, „Boys Will Be Boys“, „We’re Good“, „Coldheart“ и сите останати хитови, за на крај да заврши со изведбата на хитот „Don’t Start Now“.

Дуа Липа доминираше во креација на Валентино за овој настап, танцувајќи мајсторски во текот на целиот настап. Танчерската екипа на Дуа даде дополнителна вредност на целокупниот настап. Виртуозен сценски настап полн енергија и сила.

Присуството на светската ѕвезда со потекло од Приштина на фестивалот кој силно го вкоренува влијанието на регионалната фестивалска сцена, беше исклучително важно.

Светските ѕвезди Липа, Mahmood,  JBalvin,  Skepta, Diplo и други, се посебна атракција, а нивната музичка популарност му даде посебна вредност на фестивалот. 

Фестивалот Сани Хил има сериозна намера да го размрда регионот со популарна музика од светски ранг, па веќе се организира следниот фестивал во Тирана,  на крајот на август,  каде што се најавени некои од ѕвездите кои настапија во Приштина.

Фестивалот продолжува до седми вгуст во одлична организација и со присуство на интернационална,  регионална и локална публика.

За ПРИКАЗНА,

Билјана Максимовска

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

3,820FansLike
1,515FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ