5.8 C
Skopje
Thursday, April 18, 2024
spot_img

АСТЕРФЕСТ ГИ ПРОГЛАСИ НАЈДОБРИТЕ: ЗЛАТНА ПОТКОВИЦА ЗА ИРАНСКИОТ ФИЛМ СВЕДОК НА АЛИ АЗГАРИ

Официјалното жири на 17-тиот „Астерфест“ во состав: Владимир Перовиќ, Мими Ѓоргоска-Илиевска, Мимоза Рајл, Столе Ангелов, ги награди следните филмови:

Златна потковица – СВЕДОК на Али Азгари (Иран / Франција):

Филмот ја пресликува реалноста во која пред се случуваат настани кои отсликуваат еден навидум обичен ден. Овие настани трајно можат да го изобличат нашиот живот, па и да бидат ужасен товар што ќе не следи сè до судниот ден.

Сребрена потковица – БОЖИЛАК на Александар Вујовиќ (Црна Гора / Италија / Албанија)

Според коментарот на жирито станува збор за одблесоци на сеќавањата, една суптилно и чудесно раскажана приказна за тоа како детството е доминантно во трасирањето и отворањето на волшебните светови на уметникот.

Бронзена потковица – ВО МОЈОТ УМ на Мартин Стренџ-Хансен (Данска).

Според жири комисијата, станува збор за убедлива, трогателна, иако на прв поглед чудна приказна за верноста и вечната љубов.

Награда за најдобар автор Ацо Алексов – ВУЈКО МИ ТУДОР на Олга Луковницова (Молдавија / Португалија / Унгарија / Белгија)

Знаејќи дека најтешкото во документарниот филм е поставувањето на најдлабоките човекови прашања и највнатрешните негови трауми, храбрата авторка тоа го прави фасцинантно со еден извонреден филмски јазик, појаснуваат членовите на жири комисијата.

Награда за најдобро сценарио е за филмот  „Ѓорги Абаџиев“ – ЏЕЛАТОТ ДОМА на Мајкл и Ури Кранот (Франција / Данска / Канада), а Специјална диплома од жирито – РАСЕЛЕНИ на Самир Карахода (Косово).

Фестивалот продолжува вечер со проекција на филмот „Журнал за Желимир Жилник“ на Јанко Баљак, во чест на лауреатот, и утре, со специјалната премиерна проекција на македонскиот документарен филм „Трн“ на авторите Никола Пијанманов и Столе Ангелов.

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,276FansLike
2,911FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ