10.8 C
Skopje
Friday, March 29, 2024
spot_img

Денеска кафе и торта во „Лајка“ по повод Светскиот ден на животните

По повод 4-ти октомври, Светскиот ден на животните, прифатилиштето на ЈП „Лајка“ ги поканува љубителите на кучиња на отворен Coffee & Cake ден од 11 до 15 часот.

-Овој ден да им посветиме особено внимание на бездомните кучиња згрижени во нашето прифатилиште. Сите што ќе дојдат ќе имаат можност да се едуцираат од нашиот ветеринарен тим, да ги прошетаат кучињата кои се подготвени за вдомување, да излезат на терен со нашиот заловувачки тим и одблиску да се запознаат со нашата работа или да помогнат при капење и чешлање на кучињата, велат од „Лајка“.

Според „Лајка“, преку зголемување на јавната свест и едукација, целта е да се изгради култура за хуман третман и вдомување бездомните кучиња.

-Со нашите заложби за правни реформи и социјален напредок да го направиме нашиот град прекрасно место за сите живи суштества. Секој од нас може да направи разлика, а заедно да направиме промена, наведуваат од „Лајка“.

Одбележувањето на Светскиот ден на животните ги обединува движењата за благосостојба на животните во глобална смисла, за да го направи светот подобро место за сите животни.  

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,098FansLike
2,010FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ