19.8 C
Skopje
Thursday, March 28, 2024
spot_img

Новинарите на протест: Бараме услови, а не милостина

„Навредата кон новинарите е потценување на граѓаните“, „Работиме за граѓаните, не за политичарите“, „Ако ја ограничите нашата слобода, ја загрозувате вашата“, „Без локални медиуми вистината не е целосна“, се дел од пораките кои денес новинарите и снимателите ги испратија од пред Владата и Собранието.

На денот кога се одбележуваат 77 години од постоењето на Здружението на новинарите на Македонија, ЗНМ и Синдикатот на новинари и медиумски работници (ССНМ), заеднички го изразија незадоволството од нападите врз новинарите, навредите и понижувањата од политичарите, нелојалната конкуренција, небезбедните услови во кои работат новинарите, лошата социо-економска состојба. Тие едногласно испратија повеќе барања до Владата и Собранието:

·       Да престане негативниот тренд на понижувачки говор од страна на министри, директори, политичари
·       Крај на агресивниот државен пи-ар
·       Поддршка за колегите од внатрешноста во насока на изнаоѓање системско решение за квалитетна новинарска содржина и достоинствени плати
·       Обезбедување услови за квалитетни професионални новинарски продукти, за традиционалните, но и за новите медиуми
·       Имплементација на законите кои се важни во новинарската сфера, за обезбедување независно и функционално работење на јавниот сервис и регулаторот
·        Брза и ефикасна имплементација на законите кои ја третираат безбедноста на новинарите

Бараме почит за новинарската професија, нас никој не смее да не потценува и навредува затоа што ние работиме за граѓаните. Излегуваме за да потсетиме дека новинарството е јавно добро, тоа не им припаѓа ниту на Владата, ниту на опозицијата, ниту на партиите, ниту на газдите на медиумите, туку им припаѓа на новинарите и новинарките. Вака веќе не може … Законите важни за медиумите не се спроведуваат, јавните функционери имаат потценувачки однос кон новинарите и снимателите, државниот Пи/ар ја зема работата на новинарите снимателите, фоторепортерите, Владата создаде најголема редакција. Државните институции и нивите директори имаат проблем да сфатат дека не е транспарентност кога со денови чекате одговор, а добивате пр памфлет за објава. Локалните и регионални медиуми работат на раб на издржување, безбедноста на новинарите не е на ниво на кое би сакале да биде. Ова мора да се промени.“, порача претседателот на ЗНМ Младен Чадиковски.

„Како ни трули срцевината на нашата професија. Тие работат во навистина тешки услови, со сè помалку кадар, со ниски плати, и нивната социо-економска состојба е незавидна. Затоа и се повеќе се чувствува недостатокот на локални теми, на известувања од локалните заедници што претставува сериозен недостаток во една демократија. Сметаме дека е повеќе од итно да се донесат решенија за подобрување на состојбата во која се наоѓаат новинарите и медиумските работници од внатрешноста. Решенија кои ќе бидат системски, законски, а не парцијални. Решенија со кои работодавците ќе добијат квалитет, а нашите колеги сигурност. Бараме услови, а не милостина. “ нагласи во своето обраќање, претседателот на ССНМ Павле Беловски.

Пред Собранието на присутните медиумски работници им се обратија, Сенат Зулбеари потпретседател на ЗНМ, новинарите Сашка Цветковска, Душица Мрѓа, Славица Филиповска, Жанета Здравковска во име на регионалните центри на ЗНМ, Ведут Османи од секцијата на сниматели. Беа испратени пораки за решавање на дел од предизвиците со кои се соочуваат новинарите, за прекин на тужбите кон нив како и за подобрување на условите во кои работат и младите новинари во целата држава.

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,096FansLike
2,007FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ