8.8 C
Skopje
Tuesday, October 22, 2024
spot_img

Мартина Димоска прва жена од Балканот со NASTAR крила

Мартина Димоска е една од најуспешните Македонки во светот, а нејзината приказна за аналогната мисија Марс разбуди интерес кај целата јавност. Мартина Димоска која е првата македонска и балканска аналогна астронаутка. Таа ги води предизвиците за вселенски апликации на НАСА во Кливленд и Маунтин Вју што се одржуваат во НАСА Истражувачкиот центар Глен и Истражувачкиот центар на НАСА Ејмс. Неодамна, таа стана главен вселенски амбасадор на НАСТАР, успешно завршувајќи ја обуката за суборбитални вселенски летови, каде и беа доделени NASTAR крила.

Мартина Димовска и Мараја Танер, приватна архива

Младата кичевчанка учествуваше во проектот „Мисија на Марс“ на Универзитетот на Јужна Дакота, поддржана од НАСА. Станува збор за аналогна мисија, а ваквите мисии се од огромна вредност за научната вселенска заедница.

Димоска е организатор на NASA Space Apps Challenge Mountain View во Силиконската долина во Калифорнија, што се одржува во NASA Ames Истражувачкиот Центар, и на NASA Space Apps Challenge Cleveland, во Охајо, што се одржува во NASA Glenn Истражувачкиот Центар, каде содружник им е NASA Space Apps Challenge Strumica. Овие две американски локации се единствените одржани во НАСА истражувачки центри, од над 300 локации на глобално ниво. 

Иако имавме многу интересни проекти, знам дека можам да ги набројам насловите и приближно за што се работи, но не смеам да навлегувам во сензитивноста на податоците, затоа што сепак тие се работени од докторанди коишто по објавата на тие научни трудови може да им се смени кариерата, па така тоа јас не би смеела да го загрозам. Овие истражувања се поддржани  и финансирани од научни институции или вселенски агенции и не смеам да ги нарушам клаузулите на доверливост. Лично за мене, најинтересни 2 експерименти беа Cardio breath и Exo lab. Cardio breath ги мери виталните знаци, Exо lab e уред во којшто растевме растенија, сподели Мартина за Приказна.

Пред да оди на аналогната мисија, Мартина извесен период престојувала во силиконската долина.

Подготовките беа од екстремен карактер, еден пример е тоа што цела година нуркав при многу ниски температури и сега имам сертификат за нуркање. Не ми беше огромна возбуда затоа што знаев што треба да се изработи за да се припадне во овој сектор и свесна бев за предизвицитр. Драго ми е што можев да ја завршам мисијата успешно, раскажува Мартина.

Димоска е девојка со една од најневообичаените професии за нашето поднебје – магистер на вселенски науки. За Приказна вели дека што повеќе се прави науката инклузивна, така сè повеќе млади луѓе добиваат шанса да го дадат својот придонес.

Освен што соработуваш со вселенски агенции, колку и да е предизвикувачки и тешко и навидум невозможно, ако го изодиш патот, може да најдеш начин да се вклучиш. За секој има некаков проактивен начин, доколку има желба. Освен моите истражувачки проекти, се приклучив и на други проекти со позабавни содржини, како на пример European Astro Pi натпреварот каде што испраќаш порака до  астронаутите на Меѓународната Вселенска Станица, а потоа тие ја читаат, којашто твој тим што го водиш ја кодира. Има програми каде што го праќаш твоето име на месечината и се враќа, иако е на УСБ стик во дигитална форма, но и многу други интересни програми каде што директно можеш да се вклучиш како обичен граѓанин без никакви предзнаења, вели Димоска. 

Документарен магазин Приказна

Мартина вели дека успева на толку многу полиња кога е надвор од токсични средини и кога има луѓе што ја сакаат и поддржуваат без разлика на сè. Нејзините планови за иднината се големи.

Не секој сака да има активно учество во истражувања, вели Мартина. Тоа се напорни саати и многу работа за да се полета нешто. Или пак не секој сака да биде дел од програми кои те учат како да кодираш, каде што праќаш код на меѓународната вселенска станица и астронаути го читаат, или пак не сака секој да оди на тие програми каде ќе го испрати своето име на УСБ стик на месечината. Некои луѓе сакаат физички работи да испратат до вселената. Па така Space Generation Counsil и Blue Origin имаат картичка што можеш да ја полеташ и да ти се врати на адреса. Се надевам дека овој проект ќе можам да го преведам на македонски јазик, штом поактивно се инволвирам и ќе имаат многу луѓе можност да полетаат нешто физичко и да им биде вратено со печат дека било во вселената, додава Димоска.

Ване Маркоски

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,687FansLike
3,355FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ