6.8 C
Skopje
Friday, March 29, 2024
spot_img

Пеце Николов: Живеам во мрак, три години не сум видел ден и сонце

Пеце Николов потекнува од Велес. Дваесет и седум живеел во село Чашка, родното место на жена му. Откако починала сопругата се враќа во родниот крај и се до смртта на мајка му живее со неа, а потоа, бидејќи и мајката на сопругата била сама и беспомошна, ја чува до нејзината смрт. Оттогаш и почнува голготата на Пеце. Пред неколку години, кога работел како гробар, од премрзнување добива тешко оштетување на десната нога поради која вели има неподносливи болки, а последните години ниту може да се грижи за себе, ниту за домот кој веќе почнува од сите страни да попушта. Живее со минимална социјална помош од шест илјади денари. Пеце не се бања со месеци. Се храни долго време само со леб и салама. Физиолошките потреби овој кутар човек ги извршува во собата во која живее 24 часа на ден. Ден нема видено одамна, а навечер седи во мрак, зашто за долг од 40000 денари веќе трета година неговиот дом е оставен без струја. Сонува повторно да биде здрав како некогаш но, и, да му се помогне да го поправи домот во кој живее за да може и понатаму да функционира како некогаш.

Семејната куќа на Пеце се наоѓа во населбата Којник, Велешко. Но, откако ја наоѓа сродната душа, заминува во село Чашка, каде создава семејство. За жал, сопругата му умира премлада, и го остава сам, а, кога и децата почнуваат да ги фаќаат своите патишта, Пеце одлучува да се врати во татковиот дом и да ја дочува мајка си. По смртта на мајка му, ја зема во Велес мајката на починатата сопруга зашто не била способна сама да се грижи за себе, но, последните пет години тој е сам и се соочува со сериозна болест на неговите долни екстремитети.

– Додека бев во брак и додека живеев во Чашка, животот ми беше добар. Сепак, сопругата млада почина, па, откако и децата се разотидоа, немав друго чаре освен да се вратам во родната куќа. Татко ми беше одамна починат. Јас ја дочував мајка ми, по нејзината смрт, ја зедов и мајката на сопругата да ја чувам зашто повеќе не можеше сама да се грижи-низ солзи ја започнува својата приказна чичко Пеце од Велес, за емисијата „Срце на дланка“.

Денес, Пеце живее сам и во мрак, зашто со социјална помош од 6000 денари овој човек не може да го раздолжи долгот за струја, а децата и внуците ги гледа само на фотографии, во деновите кога некој сончев зрак ќе се прикраде низ прозорецот и ќе се смилува да ги осветли лицата на децата.

Тежок е животот на овој напатен човек. Тој живее во граници со кои се губи достоинството на еден човек. Јаде еднолична храна само доколку му донесе сосетката. Физиолошките потреби ги извршува во собата во која спие и функционира. Сам со тешки маки прави преврска на болната нога. Не се бања со години, се пере во кофа колку да не сраснат алиштата на него, но, ќе рече „Не се умира без суден ден“. „Не се надевав дека вака ќе живеам и преживувам“

– Трета година како живеам без струја. Не ги ни отворам сметките, зашто немам со што да ги платам. Земам само сто евра социјална помош, немам за сметки, а, ако сосетката ми донесе нешто за јадење, ќе јадам. Еве со години освен леб и мортадела, јас друго и не сум пробал – вели Пеце.

Во маалото блиску каде живее Пеце, живее и една жена со својата малолетна ќерка, која ја пријави неговата сторија. Токму таа жена му помага секојдневно. Му ја подигнува социјалната помош од банкомат, му носи храна, кога може чисти во куќата. Но, и таа и Пеце посакуваа да се направи соседната соба, за да може жената да живее со ќерка си и да му помага околу негата на Пеце. Но, за да се случи нешто, треба да се раздолжи долгот за струја, да се поправи просторијата каде би живеела негувателката и да се искречи во собата на Пеце. Иако многу е повреден и разочаран, сепак овој кутар човек верува во добрината на народот и во светлиот ден во кој тој повторно ќе може нормално да живее.

Сите што сакаат да му помогнат на Пеце Николов тоа може да го сторат на телефонскиот број 077/889665 или на следната жиро-сметка 210501625110598 НЛБ Банка.

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,097FansLike
2,009FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ