15.8 C
Skopje
Saturday, September 21, 2024
spot_img

Збогум Метју Пери

Американскиот глумец Метју Пери (54) е пронајден мртов во неговиот дом во Лос Анџелес. Метју Пери во јавноста беше познат по улогата во хит-серијата „Пријатели“ каде го глумеше ликот на Чендлер Бинг.

Причините за смртта сè уште не се потврдени. Обдукцијата е завршена, сега се чекаат резултатите од токсиколошките тестови што може да потраат неколку недели.

„Во случаи кога причината за смртта не може да се утврди за време на обдукцијата, се издава одложено уверение додека не се завршат дополнителните студии“, се вели во упатствата на судскиот вештак на Лос Анџелес. Причината за смртта е наведена како „одложена“ во очекување на понатамошна истрага и токсиколошки резултати.

Зад камерите, Метју долги години страдаше од зависности од лекови, дрога и алкохол. Тој во интервју за Би Би Си радио 2 изјавил дека не се сеќава на снимањето на третата сезона од Пријатели.

Роден е во Вилијамстон, Масачусетс на 19 август 1969 година. Пораснат е во Отава, Канада каде завршува основно училиште. Метју се сели во Лос Анџелес како тинејџер.

По неколку одиграни улоги во филмови, својот најголем „бум“ го доживува со ликот на Чендлер во 1994 година. Хит-серијата „Пријатели“, која ги следи животите на шест млади лица во Њујорк, се емитуваше 10 сезони од 1994 до 2004 година. Нејзината последна епизода била гледана од 52,5 милиони луѓе во САД, што ја прави најгледана телевизиска епизода во 2000-те. Улогата на Чендлер во оваа серија, на Пери му донесе номинација за Ејми наградите во 2002 година.

Во ноември минатата година Пери објави мемоари со наслов „Friends, Lovers, and the Big Terrible Thing: A Memoir“ (Пријатели, љубовници и големата страшна работа: Мемоари) во која зборува за неговата злоупотреба на опијати, која довела до оштетување на дебелото црево кога имал 49 години. Лекарите му дале 2 отсто шанса за преживување и бил во кома две недели, а во болница уште неколку месеци. Во книгата признава дека одел на рехабилитација 15 пати во текот на својот живот со надеж дека ќе се ослободи од зависноста од дрога.

Долго ќе го паметат фановите на Пријатели, серијата во која го вклучи својот брилијантен талент за комедија.

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,662FansLike
3,337FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ