13.8 C
Skopje
Thursday, April 18, 2024
spot_img

Малата Валерија: Сакам само да бидам среќна, а мама нема пари ниту за ужинка да ни даде за во училиште!

И децата на Цветанка живеат тежок период. Наместо да уживаат во детството, малата Валерија низ солзи раскажа дека нема ништо и дека и другарчињата ја исмеваат. И јас сакам да бидам како моите другарчиња-ни рече низ солзи. Сакам да имам и мобилен и компјутер, и детска соба, и убава облека. Сакам да бидам среќна, а мама нема пари ниту за ужинка да ни даде за на училиште.“

Болно е кога плаче возрасен, но, нема потажно од детски очи преполни со солзи, кои наместо да се радуваат и веселат на животот, тие се тажни и неизвесни дали утре ќе видат храна.

Мајчините раце ја кријат жртвата што таа ја прави за своите деца. Цветанка Нејкова таа жртва ја дава преку веќе изморените и огрубени раце, но и предвреме остарениот лик. Само да им понуди поубав живот на своите деца, таа посака да го стави своето срце на дланка.

„Порано беше подобро, но, откако се омажив во Демир Капија на седумнаесет години, животот ми стана пекол. Морав и покрај куќата која лично ја направив таму, еден ден да ги спакувам куферите и да заминам со синчето. Зошто подобро е ужасен крај, отколку ужасот да нема крај.“ Вака ја започна својата приказна оваа напатена жена.

„Една година со детето живеев сама во Неготино, од каде и потекнувам-вели Цветанка. И, таму животот ми беше тежок. Се мачев сама, работев, чував стари лица само да имам покрив над главата и леб за мене и детето.“

Потоа случајно го запознава Гоце, човекот кој ќе го освои нејзиното срце. И, заедно со Левент, детето од првиот брак, таа доаѓа во Кочани, во домот на нејзиниот избраник.

„Со Гоце живеам убаво, но, многу сиромашно. А, кога беспарицата царува, тогаш и семејниот живот е лош. Во тешкиот живот, дополнителна тежина внесуваат родителите на Гоце, кои ги заклучуваат собите од куќата и фрижидерот, па некогаш на децата, немам што да им дадам да јадат. Петте илјади денари се премалку, за да го поминам месецот. Илјада денари плаќам на старите за струја, а користам само еден телевизор. Ниту бојлер немам. Се бањаме во корито со стоплена вода на шпорет. А, кога ќе им дадам на децата за училиште, кога ќе купам пелени, не ми останува ниту за млеко. Па, така вкусот од мајчиното млеко е единствениот што овие деца го знаат. И леб често месам, бидејќи не сум во состојба да купам-споделува Цветанка.“

И децата на Цветанка живеат тежок период. Наместо да уживаат во детството, малата Валерија низ солзи раскажа дека нема ништо и дека и другарчињата ја исмеваат.

И јас сакам да бидам како моите другарчиња-ни рече низ солзи. Сакам да имам и мобилен и компјутер, и детска соба, и убава облека. Сакам да бидам среќна, а мама нема пари ниту за ужинка да ни даде за на училиште.“

Болно е кога плаче возрасен, но, нема потажно од детски очи преполни со солзи, кои наместо да се радуваат и веселат на животот, тие се тажни и неизвесни дали утре ќе видат храна.

Цветанка вели дека Левент, иако има само десет години, и помага во сè. Ги чува помалите сестрички и братчиња. И помалите деца помагаат.

„Предвреме растат поради проблемите – вели Цветанка. Не е лесно да се гледаат шест деца. Се случувало да немам облека за нив. Па читам, барам преку интернет кој донира, го замолувам да ми прати. Така се снаоѓам, само да можат да бидат облечени и нахранети. Понекогаш немам ниту за прашок, но, не ги пуштам надвор нечисти. Ако треба сапун ќе рендам или само со вода ќе ги попарам алиштата, ама сите се средени и чисти. Можеби немаат нова, но секогаш старата облека им е испрана од овие две раце-додава оваа предвреме остарена жена.“

Гоце зема само пет илјади денари социјална помош и работи со дрва кога е сезона. Поради казни од нелегална сеча на дрва, тој лани бил затворен, па немајќи да ги плати казните морал шест месеци да лежи во затвор. Тогаш Цветанка била бремена со најмалото синче Јован, па бременоста ја поминала без денар, молејќи се и позајмувајќи пари, само да ги нахрани децата. До последен ден од бременоста, одела по цели денови да шие на машини, за да донесе некој денар дома. Три од децата одат на училиште, а две се во пелени. Често е во ситуација да нема ниту за храна за на училиште, ниту за пелени.

Дополнителен проблем на Цветанка и прави првиот сопруг, кој не и дава развод, па за да го направи тоа, адвокати и бараат четиристотини евра. Сума која е недостижна за оваа жена. Поради тој проблем, таа не може да извади нови документи, нема ниту лична карта. Извод на родени, немаат ниту нејзините деца. Никој не сака да ја вработи без документи. Секаде бараат лична карта – вели таа. Децата не може да ги запише во градинка, а и децата во училиште учат така, без документи.

Затоа, како и сите мајки, така и Цветанка, има најголема желба, а тоа е среќата на нејзините деца. Тоа може да го исполни само ако собере доволно финансии, за да ги извади потребните документи и да се вработи.

„Не се плашам од работа. Напротив, многу сакам да работам и способна сум, само ми треба помош сега-раскажува Цветанка.

Да и помогнеме на оваа храбра жена да собере средства за своите најмили и да обезбеди поубав живот на своето поколение.

Сите што сакате да и помогнете на Цветанка Нејкова, тоа може да го сторите на сметката: 210501599857327 или на телефонскиот број 077/654052

Автор

Оливера Петрушевска

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,275FansLike
2,906FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ