7.8 C
Skopje
Sunday, December 22, 2024
spot_img

Совршениот стил на Кралица Елизабета со кој плени цели 70 години

Кралицата Елизабета II владее подолго од кој било монарх во Британската историја, станувајќи една од најпочитуваните и најсаканите фигури во светот. Таа на престолот доаѓа во 1952 година, по смртта на нејзиниот татко, кралот Џорџ VI.

Кралицата стана препознатлива по нејзините живописни палта и здолништа, кои секогаш се комбинирани со уникатна шапка и чанта, бисери и брош. Навидум едноставен, стилот на кралицата Елизабета стана препознатлив ширум светот. Кога имала 20 години, Елизабета започнала да работи со дизајнерот Норман Хартнел. Здолништата со корпи од половината, под влијание на француската мода, биле комбинирани со бело крзно и дијамантски дијадеми.

Нејзиниот препознатлив стил кој го негува со години, секогаш бил беспрекорен.  Таа ужива да се облекува по принципот „сè да е во тон“. Не постојат нијанси на бои кои не ги носела. Анџела Кели е жената која е задолжена за нејзиниот изглед од 1994 година. 

Пред да се направи облеката, кралицата ја одобрува скицата и примерокот на ткаенината. Омилена и е сингапурската свила. Кралицата е сè уште штедлива и одговорна, па сака нејзината облека да се рециклира што е можно повеќе. Во принцип животниот век на облеката може да биде 25 години. По две или три појавувања, дизајнот се менува или таа облека најчесто се рециклира во облека „надвор од употреба“. Ткаенините за шиење на гардеробата се собираат, чуваат и негуваат со години во посебен гардеробер во Бакингамската палата. На пример, здолништето кое кралицата го носела на кралскиот концерт пред 10 години е направен од ткаенина која била купена во 1961 година. Останатите ткаенини се чувани уште од времето кога таа била принцеза.

Во едно сме сите согласни. Нејзиниот стил е уникатен, впечатлив, беспрекорен и неповторлив.

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,762FansLike
3,389FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ