2.8 C
Skopje
Friday, April 19, 2024
spot_img

Неколку идеи како да го фотографирате новороденчето

Доаѓањето на новиот член во семејството е навистина голем предизвик, како за мајката, така и за останатите членови во семејството. Првите движења, гримаси, моментите кога бебето спие, се драгоцени. Честопати овие моменти сакаме да ги доловиме со камерата во форма на фотографии кои ќе ги чуваме како спомени на кои ќе се враќаме секогаш.

Бебињата брзо растат, па зошто да чекаме посебна прилика да ги фотографираме. Сè што ви треба е еден алог во домот, неутрална позадина и фотоапарат или мобилен телефон. Тука и даваме слобода на нашата креативност.

За почеток како позадина може да користите и обичен хамер.

Новороденче во корпа-корпите можат да бидат во различни облици и материјали. Може да користите неутрална позадина и природни тонови.

Фотографија со дланките од сите членови во семејството.

Новороденче со миленикот – Домашните миленици одлично се сложуваат со бебињата. Тоа е спомен кој секако би сакале да остане овековечен. Милениците можат дури и да ги смират бебињата во процесот на фотографирање.

Новороденче со цвеќе – Нежното цвеќе совршено се вклопува со бебињата. Потрудете се да користите свежо, наместо вештачко цвеќе.

Фотографиите со поединечни делови од телото на новороденчето, како што се дланките, нозете, устата може да бидат одлични спомени.

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,277FansLike
2,912FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ