15.8 C
Skopje
Friday, September 20, 2024
spot_img

Трајан Димковски: Зелената агенда ќе придонесе да се заштити земјоделството и земјоделците од климатските промени

Зеленото вложување ќе придонесе за намалување на јаглерод диоксид и испуштање во атмосферата. Преку вакви мерки се очекуваат 80.000 тони за намалување на CO2, зголемување на 10 мегавати и поставување на нови фотоволтаици. До 2030 година на ниво на ЕУ планирано е 55% да се намалат, а до 2050 година Европа треба да има 0 емисии, изјави за Приказна Трајан Димковски, државен советник за рурален развој.

Приказна Земјоделството ќе трпи многу последици како резултат на климатските промени.

Димковски Земјоделството е најмногу изложено и сите процеси што се одвиваат под отворено и последните години ги гледаме ефектите од климатските промени коишто ни се случуваат. Кога зборуваме за климатски промени, кај нас се изразени сите можни варијанти на тие климатски промени, од обилни дождови, до суши, појава на град кој нанесува голема штета и рани и доцни мразови.

Приказна Која е стратегијата за да се заштити земјоделството и земјоделците?

Димковски Она што ние го правиме како дел од стратегијата, односно мерки кои можеме да ги преземеме преку програмите кои ги спроведува Министерството, би наброил неколку. Пред сè капитални вложувања како што се големите брани во изградба, може да кажеме дека после еден период од 40-50 години кога не се градело, во последните 5-6 години сме навлезени во еден процес на градба на брани кои се важни во намалувањето на ефектите од климатските промени, особено во делот на сушата.

На градинарските и на овошните култури ако не им се даде вода во одреден период, тогаш приносите од нив се многу мали и општо стандардот и квалитетот на производство се намалува. Во делот на заштита од град, градобијни облаци, веќе трета година спроведуваме една активност со авионско засејување со сребро јодит.

Приказна Зеленото финансирање е едно од најзначајните инструменти во поглед на целите за справување со климатските промени. Кој ќе биде нашиот фокус, кои ќе бидат приоритетите во првите 4 години?

Димковски Зеленото финансирање е исто така еден сегмент којшто укажува на заштита на околината и намалување на карбон односно јаглерод диоксид во околината. Преку нашите програми за зелено финансирање во висина од 350.000 Евра ќе се поделат 75 фотоволтаици, кои ќе бидат поставени на бачила, односно на места каде нема струја, при што ќе им се помогне на луѓето кои стопанисуваат со овие бачила.

Зеленото вложување ќе придонесе за намалување на јаглерод диоксид и испуштање во атмосферата. Преку вакви мерки се очекуваат 80.000 тони за намалување на CO2, зголемување на 10 мегавати и поставување на нови фотоволтаици. До 2030 година на ниво на ЕУ планирано е 55% да се намалат, а до 2050 година Европа треба да има 0 емисии.

Документарен магазин Приказна на тема климатски промени

Приказна Зелената агенда вклучува и фокусирање на органско производство наспроти маспроиводство за да се избегне непотребен отпад на храна, кој се појавува. Дали тоа ќе значи и можност за креирање на нови работни места?

Димковски „Зелена агенда“ е нешто што од 2020-та година е нешто што е во Софија потпишано и е дел од големиот Зелен европски план, ние сме дел од овој глобален процес. Кај нас она што е засегнато е органското производство, но да не заборавиме дека тука се зборува и за заштита на вода, на почва, за заштита на воздух, тоа се дел од активностите којшто глобално ги имаме. Тука е и циркуларната економија која и те како е важна кога зборуваме во делот на земјоделството, кога зборуваме за намалување на загадувањето, односно добро управување со отпадот.

Зборуваме за проекти којшто како регионални центри. Кај нас како потенцијал е зелена обработка, односно зелени производи коишто ќе бидат значајни за потрошувачите бидејќи сè повеќе зборуваме за здрава и еколошка храна. Оваа година направивме програма за органско производство.

Во делот на оваа програма, во делот на тие зелени вложувања зборуваме за сè поголем недостиг на вода, па имаме планови за бушење на бунари во такви места, за обезбедување вода за домашните животни, а секако и за работа на терен на луѓето што се таму вклучени.

Околу системите за наводнување, освен браните, би сакал да напоменам дека се градат и неколку системи за наводнување. Како позначаен би го издвоил кредитот од германска банка од кој 80 милиони евра се планирани задолжување и 40 милиони евра национални пари. Средствата треба да бидат вложени во следните 4-5 години, во зависност од динамиката. Четири системи се ставаат во функција, односно од 12-15 илјади хектари дополнителни површини во системи за наводнување.

Документарен магазин Приказна на тема енергетска ефикасност

Приказна Какви се можностите за биомаса од слама, сено, прачки, зелена биомаса да се употребат како извор на енергија?

Димковски Кај нас знаеме дека кога се зборува за прачки, тоа се случува при кроење на лозовите и овошните насади каде најчесто деловите се спалуваат или пак се користат во лозарството, за печење ракија во домашни услови. Во овој период земјоделците вршат палење на сламата.

Во Кочани има направено фабрика којашто е дел од локалното претпријатие на општината, каде што делот од сламата треба да се претвори во хумус и потоа да се користи за ѓубрење на нивите или на одредени култури. Потенцијалот го имаме. Треба да се работи и на зголемување на свеста.

Последните години придонесоа за искористување на биомаса која е потенцијал за пожарите во планините. Фабриките за пелети помогнаа да се соберат ситните гранки, кои при кроење или при сечење, паѓаат, и на тој начин дадоа еден придонес и покажаа еден интерес дека сакаат да се вклучуваат во едни вакви активности. Се повеќе се користи и зелена биомаса за производство на електрична енергија. Кај нас има инсталирано 2 такви капацитети коишто можат тоа да го работат. Во делот на глобалното зачувување на воздухот, водата има капацитет кај нас, но морам да истакнам дека не е доволно искористен.

Приказна Водата ќе биде една од проблематичните точки, како резултат на климатските промени. Што преземате дополнително, од тој аспект за заштита на земјоделието?

Димковски Заедно со UNDP, по течението на реката Брегалница се работи на една визибилити студија, со цел да ги откриеме можните потенцијали, односно каде би можело да се направат мали брани за зголемување на површините за наводнување, потоа насипи, за да не дојде до поплави и евентуално за обновливи извори за енергија односно за искористување на водата за создавање на струја, односно хидропотенцијал.

За Приказна

Ване Маркоски

Бранка Чочковска

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,660FansLike
3,324FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ