Јас сум растена во предоминантно женско семејство, така што женските приказни на тоа да бидеш професионална жена, плус да бидеш и домашна, семејна жена, беа мое секојдневие.Отсекогаш сум се восхитувала на жените кои можат се’, сум гледала жени кои можат се’, па и затоа често сакам да ги раскажам тие приказни за жените кои навистина можат се’. Посебно ми се драги овие приказни кои што ги раскажував низ изложбата, затоа што се жени коишто работат во креативните индустрии, коишто ми се драги колешки по различни начини и верував дека и нивниот глас треба да биде чуен. Некогаш едноставно сите викаме дека не е доволно тоа што го правиме, дека можеме повеќе, можеме поинаку, но верувам дека сите наши успеси, посебно како жени на ова поднебје, треба да се слават повеќе , вели за „Приказна“ Ерина Богоева – фотографка.
Љубовта кон фотографијата ја развива уште како студент. Дипломирала на Катедрата по англиски јазик, на Филолошкиот Факултет „Блаже Конески“, при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, по што своето образование го продолжува на Универзитетот „Нотингам“ во Обединетото Кралство. Таму магистрира на студиската програма за „Филм, телевизија и екранска индустрија“. Во нејзиното работно портфолио ќе ги најдете изложбите: -Животот на улиците на Европа -Небото над Скопје -Четири годишни времиња и малку љубов -Затемнетиот град Во 2019 ја доби престижната награда „13 Ноември“ за монографијата „Скопје – Архитектурата како фотографска скулптура (1963 ‒ 1990)“ . Монографијата е нејзина прва книга, а наскоро ќе го добие и своето второ издание. Монографијата содржи осумдесетина фотографии со објекти изградени по скопскиот земјотрес. Приказна: „Мистеријата на женскиот поглед“ е вашата изложба која ќе ја искористам како почеток на нашиот разговор. Што ве натера да раскажете многу женски приказни преку неа? Која ви беше целта?Богоева: Јас сум растена во предоминантно женско семејство, така што женските приказни на тоа да бидеш професионална жена, плус да бидеш и домашна/семејна жена, беа мое секојдневие. Отсекогаш сум се восхитувала на жените кои можат се’, сум гледала жени кои можат се’, па и затоа често сакам да ги раскажам тие приказни за жените кои навистина можат се’. Посебно ми се драги овие приказни кои што ги раскажував низ изложбата, затоа што се жени коишто работат во креативните индустрии, коишто ми се драги колешки по различни начини и верував дека и нивниот глас треба да биде чуен. Некогаш едноставно сите викаме дека не е доволно тоа што го правиме, дека можеме повеќе, можеме поинаку, но верувам дека сите наши успеси, посебно како жени на ова поднебје, треба да се слават повеќе.Приказна: Се вели дека објективот на жената фотограф е различен од тој на мажот фотограф, при тоа не мислам само на техничкиот момент, туку на начинот на кој ги гледаме нештата како фотографија е различен. Има ли вистина во ова?Богоева: Сигурна сум дека има. На крајот на краиштата, сензибилитетот од фотограф на фотограф е различен и не мора да значи дека треба да има посебна разлика по пол, но го имам забележано тоа, дека жени модели, посебно кога фотографирам арт, се покомотни пред мене како жена, така што верувам дека има разлика, но тоа зависи пред сè од креативец до креативец, а помалку од полот.Приказна: Истражувајќи за оваа професија, открив дека жените имаат скоро еднаков удел во поглед на развојот на оваа професија како и мажите. Какви се вашите впечатоци? Каков е третманот на жените фотографи?Богоева: Јас во мое скромно искуство не сум доживеала да бидам дискриминирана врз база на мојот род. На почетокот кога почнував, пред 15 години, чувствував дискриминација во однос на тоа дека сум доста млада и плус женско. Кај нас можеби има коментари од типот како сега ние жените ќе ја носиме опремата, бидејќи има големи и тешки работи за носење, но има доста мои колешки кои ги пробија и тие стереотипи, како на пример Арбнора Мехмети која е секогаш на првата линија со сите мажи фотографи и нема проблем да се снајде. Мое лично искусуство со дискриминација врз база на тоа дека сум женско во мојата професија, би рекла дека немам.Приказна: Предавате за фотографија. Каков е интересот кај девојките, во однос на момчињата?Богоева: Јас предавам основи на фотографија за графички дизајн во „СЕМОС“. Последниве години имаме зголемен интерес за самата програма, што е одлично. Соодносот е приближно 50-50 во групите што ги имаме, така што креативните сфери ги интересираат и двете страни.Приказна: Колку фотографијата како медиум е значајна за архитектурата?Богоева: Последниве 5-6 години фотографијата е доста значајна за архитектурата, посебно откако се иницира целото ова движење повторно да се актуализира брутализмот и модернизмот, како и оној соц-модернизам. Во 2018 имаше изложба во „Мома“ посветена токму на оваа архитектура и многу голем дел од таа изложба беше фотографијата всушност. Мислам дека дадовме нова перспектива на тоа како се гледаат некои архитектонски дела коишто за повеќето беа станати секојдневие.Приказна: Кои архитекстонски дела ги сметате како посебен предизвик за фотографија, а кои досега ги немате фотографирано?Богоева: Многу се. Имам еден огромен список, бидејќи сега со рестрикциите за патување немавме големи можности, но се надевам дека овој список ќе почне да се намалува… За Приказна, Вики Чадиковска Ване Маркоски
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.