12.8 C
Skopje
Thursday, April 25, 2024
spot_img

Васил Папестиев: Во Македонија се реализирани 7 трансплатации на срце

Доц.др.Васил Папестиев беше дел од мешаниот тим на хирурзи од јавното и приватното здравство, кои заедно успешно го спроведоа првиот зафат на трансплатација на срце, која важи за исклучително тешка и ризична хируршка интервенција. Со него разговаравме за органодарителството.

Приказна Колку животи можат да се спасат од органите на починат донор?
Папестиев Не може контретно да се каже колку животи можат да се спасат од органите на починат донор, бидејќи кога зборуваме за транспантација, зборуваме за трансплантација на ткива и органи.

Трансплантација на ткива и органи не значи дека вие спасувате живот, туку третирате една состојба. Пред неколку месеци на клиниката за ортопедија, се направи трансплантација на дел од коска, тоа не е нужно спасување на живот, но е третирање на состојба.

Скоро и да не постои орган или ткиво кое не може на некој начин да се искористи. Би рекол 15-20 состојби може да се третираат од еден починат донор.

Приказна Зошто не сме дел од Еуротрансплант мрежата?

Папестиев Се работи на тоа Македонија на биде дел од Еуротрансплант мрежата, која опфаќа 8 држави кои се поврзани со близина, односно земјите кои гравитираат околу Германија.

Македонија може да биде придружна членка, но не комплетна од логистичка причина. Кога се носи орган од една во друга држава, важно е и времето кое ќе се изгуби при транспорт на тој орган.

Конкретно за срце, потребни се 4 часа да помине од вадење на срцето до имплантација. Поради тоа не можеме да има размена на органи со Белгија на пример. Предности има во смисла на размена на искуства и кадри. Најверојатно Македонија ќе стане членка како што е Грција. Таа е придружна членка на Еуротрансплант, но има сопствена мрежа во државата.

Приказна Како да ја подигнеме свеста за органодарителството, дали би можеле да го следиме примерот на Хрватска?

Папестиев Примерот на Хрватска го знам добро, бидејќи сум бил дел од системот 2 години. За жал и Хрватска е балканска земја, и таму сакаат да се возат мотори без кациги, па оттаму е голем бројот на донори.

Главната причина зошто Хрватска е на врвот во светот по донирање органи е една кампања која континуирано трае и нема крај. Другата причина е што Хрватска е католичка земја и во оној момент кога католичкиот поглавар објавува дека донирањето органи е најголем дар кон бога, енормно се зголемува донирањето на органите.

Затоа сметам дека покрај една сериозна државна кампања и проект, потребно е и верските поглавари да се произнесат.

Приказна Кога беше направена првата трансплатација на срце кај нас?

Папестиев Веќе 2 години поминаа од првата трансплатација. Тоа беше убаво и страшно искуство. Убаво беше кога се’ се заврши добро, и кога знаевме дека самата интервенција помина добро, иако после тоа следеше неколку недели борба со тој пациент, бидејќи трансплатацијата не завршува со операцијата.

Водењето на тие пациенти е многу тешка работа. Тоа го прават нашите анестезиолози, кои можеби најголемиот товат го понесоа со тој пациент.

Овој зафат беше едно од најтешките мои искуства, затоа што одеше под бурно око на јавноста. Ние сме спремавме една година за таа операција. Тогашното министерство најверојатно и за маркетинг, тоа го објави пред да се случи. Вообичаено, тоа носи лоша среќа во нашиот свет. За среќа, тоа не се случи. Кога се’ заврши, беше убаво чувство. Имавме вкупно 7 трансплатации.

Приказна Кои медицински услови треба да се исполнат за да може да се изврши органодарителство од починато лице?

Папестиев Потребно е да се прогласи мозочна смрт на донорот. Тоа е медицинскиот дел. Таа се прогласува со клинички прегледи и со снимање на мозокот со контраст. Дозволата од фамилијата е исто така важна, но еднакво толку важно е и тој пациент да нема други придружни болести, малигнитети или системски болести.

Приказна Зошто кај нас е најзастапена трансплатацијата на бубрези?

Папестиев Заради тоа што клиниката за урологија и нефрологија имаат една долгогодишна традиција и затоа што бубрег може да се трансплантира од жив дарител, од мајка на дете, сопруг – сопруга.

Документарен магазин Приказна на тема Органодарителство

Ване Маркоски

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,298FansLike
2,936FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ