Дома Став Интервју Психолог Марија Конеска: Во битката со анорексија, семејството има важна улога

Психолог Марија Конеска: Во битката со анорексија, семејството има важна улога

Која е причината за анорексија?

Марија Анорексијата има психолошки причини и последици сама по себе. Таа е ментално нарушување или психопатолошко нарушување на личноста кое се одликува со абнормално доживување на исхраната, искривено доживување на своето тело, изгледот, тежината. Она што е многу битно од психолошки аспект е дека личноста не се доживува на правилен и рационален начин и во однос на емоциите и во однос на разбирањето на емоциите од другата страна, така што ирационално и нерационално ги прифаќаат емоциите од надвор и не реагираат на правилен и соодветен начин.

Кои се првите симптоми на анорексија?

Марија Најчесто симптомите се врзани за исхраната, намалено консумирање на исхрана, но од психолошки аспект се раздразливост, социјална изолираност од блиските, постојана затвореност, депресивно однесување, понекогаш импулсивно однесување, недоаѓање на работно место, несоница, дисбаланс и во менструалниот процес. Сето тоа е последица на тој психолошки аспекти или континуирано психолошко доживување на нештата кое доведува до сите овие симптоматологии кои се доста видливи.

Која е улогата на психологот во справувањето со анорексија?

Марија Улогата на психологот е првенствена во соработка со семејствата и блиските на личноста која е заболена. Многу е битно да се отпочне со психопатолошка терапија односно најпрво со психолошка терапија односно когнитивно бихевиорална терапија е доста ефективна терапија која обрнува внимание на доживувањето на емоциите, доживувањето за своето тело, сите оние ирационални мисли или начинот на кој размислува, односно обрнување на внимание на самата свесност на личноста за своето тело, колку треба да е дебела или слаба и начинот на кој ги доживува мислите и доживувањата кои однадвор ги прима.

Многу е битно семејството да игра голема улога, бидејќи голем дел од личностите кои страдаат од анорексија се индивидуи кои се стремат кон перфекционизам, наназад во нивното детство биле подложни на критики или на постојано стегање од страна на родителите, критики во однос на своето тело. Многу е важен и психотерапискиот пристап каде подлабоко ќе се работи на однесувањето но и на мислите и размислувањата на личноста, каде што третманот ако е сериозна ситуацијата продолжува и со психијатриски пристап каде што личноста ќе подложи и на лекови.

Кои се советите за адолесцентите кои страдаат од анорексија?

Марија Тоа е најранливата група затоа што се подложни на општествените промени и она што општеството го налага, но и врсниците. Тие немаат рационален аспект на размислување, бидејќи мозокот сè уште се формира во тој период и она што им е многу битно е да бидат прифатени во групата, во општеството односно од страна на нивните врсници. Во тој дел, доста пристапуваат кон овој чекот да слабеат до бескрај.

Многу е важно да се едуцираат средношколците особено женската популација, директно во училиштата со едукативни предавања каде е битно да се спомене до каде треба да одиме со убавината, што значи убавина, што значи доживување за своето тело, до каде треба да бидеме подложни со нашата свесност или несвесност на влијанието на другите. Семејството и тука игра голема улога.

Каде е тука влијанието на социјалните медиуми?

Марија Освен со анорексија имаме доста работа и со булимија. Булимијата повеќе е подложна на стрес, односно не толкаво доживување како што е кај анорексијата. Она што е важно кај социјалните мрежи е дека тие се највлијателни. Денес, не се во директен контакт со своите врсници, туку контактот со своите врсници им е на социјалните мрежи. Таму следат групи за убавина, здравје. Самите социјални мрежи со убавината која ја пласираат таму кај адолесцентите доста влијаат.

Документарен магазин Приказна

Која е точната причина за појава на анорексија?

Марија Има повеќе причини за појава на анорексија. Најчесто причините се психолошки. Имаме и генетска предиспозиција, но таа не е многу честа. Опсесивно-компулсивно нарушување ако постојат во генетската предиспозиција секако и тоа може да биде причина кај децата. Најчесто, причината е анксиозно, стресно живеење, депресивна состојба, искривени мисли. Сето тоа е влијание и од социјалните мрежи но голем удел игра и семејството, оние очекувања од мали нозе за изгледот на детето и што се треба да биде.

Во последната точка на работа се работи и со нутриционист каде што дефинитивно ќе се обрне внимание на соодветното консумирање на храна и соодветната грижа на телото на заболените од анорексија.

Ване Маркоски

Exit mobile version