-0.2 C
Skopje
Thursday, December 19, 2024
spot_img

Омилените сандали на Кралица Летиција

Кралицата Летиција од Шпанија важи за модна икона. Таа поседува препознатлив и уникатен стил кој не може да помине незабележан при секое нејзино појавување.

По кратко отсуство поради болест, Кралицата се врати на своите секојдневни обврски, па на конференцијата посветена на лицата со попреченост, е забележана во ленено сино одело комбинирано со едноставна бела маица. Еспадрили на платформа во пудер нијанса, совршено се вклопија со оваа комбинација.

Дури и војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон може да кажеме со сигурност дека е голем обожавател на еспадрилите со платформа, најверојатно поради нивната удобност, како и можноста за лесна комбинација со останатата гардероба.

Овој модел на чевли дефинитивно никогаш не излегува од мода. Неутрални се и погодни буквално за секоја прилика.

Еспадрилите потекнуваат од Шпанија. Тие за прв пат се откриени во областите Окситанија и Каталонија на Пиринеите во 13-от век, на шпанско-француската граница. Еспадрилите биле обувки за традиционалниот танц на Каталонија, но исто така имале придонес за баскиската култура бидејќи ги носеле и војниците на кралот на Арагон.

Нешто подоцна, еспадрилите ги популаризираше францускиот дизајнер Ив Сен Лоран, кои до денес несомнено се среќаваат во разни бои и дизајни.

Дали удобните еспадрили се дел од вашиот ормар за чевли?

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,755FansLike
3,387FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ