9.8 C
Skopje
Friday, April 19, 2024
spot_img

Милена Антовска: мојата битка со анксиозноста!

Сите што имаат ваков проблем, треба да зборуваат јавно, со своите најблиски и со стручни лица, бидејќи имаме одлични психијатри и психолози кои ќе ви кажат како тоа да се третира анксиозноста, вели во интервју за „Приказна“, водителката Милена Антовска Станковска.

Приказна: Колку време се соочуваш со анксиозноста?

Антовска Станковска: Година и половина, можеби веќе и две, мака мачам со оваа состојба, со тоа што на почетокот не ми беше јасно што ми се случува, но кога дознав и се соочив со тоа, многу ми е полесно, полесно се справувам со целата состојба и се поретки се тие моменти на анксиозност или панични напади. Некогаш поминуваат и месеци, кoга воопшто ги немам. Дефинитивно мислам дека подобро се справувам со тоа, за разлика од самиот почеток, кога се плашев, бидејќи тоа за мене беше нешто непознато. Затоа мислам дека сите што имаат ваков проблем, треба да зборуваат јавно, со своите најблиски и со стручни лица, бидејќи имаме одлични психијатри и психолози кои ќе ви кажат како тоа да се третира анксиозноста. Дали со шетање во природа, дали во разговор со нив, дали со терапија со лекови. Треба да се соочиш на време, за да биде полесно справувањето, затоа што има лек за се, па така и за ова.

Приказна: Низ што се поминуваше на почетокот и како сега гледаш на сето тоа?

Антовска Станковска: Кај мене се појави пост-породилно. Оние кои ме знаат како карактер, знаат дека сум темпераментна и комуникативна, но мајчинството си бара промени и поинаков тек на животот, на пример да се биде повеќе дома, посебно првата година штом ти се роди детето. Тоа кај мене ги направи работите да бидат такви какви што се. Постепено почнав да се повлекувам од луѓето, од јавниот живот, за потоа да резултира со некоја анксиозност и страв, за да се вратам повторно во тоа како сум го живеела животот претходно. Имаше моменти каде што имав панични напади, но за среќа не беа толку страшни за какви што сум слушала и читала. Имаше моменти кога мислев дека ќе се онесвестам, ќе умрам, но сега за среќа знам дека ништо од тоа не може да се случи и се е тоа во главата. Застанувам, дишам длабоко, се погледнувам во огледало, ретко и знам да се јавам на некој, но генерално пробувам сама со себе да се изборам, прошетки на Водно, разговор со најблиските и слично.

Приказна: Зошто одлучи јавно да проговориш за твојата борба со анксиозноста?

Антовска Станковска: Година и половина, можеби веќе и две, мака мачам со оваа состојба, со тоа што на почетокот не ми беше јасно што ми се случува, но кога дознав и се соочив со тоа, многу ми е полесно, полесно се справувам со целата состојба и се поретки се тие моменти на анксиозност или панични напади. Некогаш поминуваат и месеци, кога воопшто ги немам. Дефинитивно мислам дека подобро се справувам со тоа, за разлика од самиот почеток, кога се плашев, бидејќи тоа за мене беше нешто непознато. Затоа мислам дека сите што имаат ваков проблем, треба да зборуваат јавно, со своите најблиски и со стручни лица, бидејќи имаме одлични психијатри и психолози кои ќе ви кажат како тоа да се третира анксиозноста. Дали со шетање во природа, дали во разговор со нив, дали со терапија со лекови. Треба да се соочиш на време, за да биде полесно справувањето, затоа што има лек за се, па така и за ова. Јас сум позната по тоа што многу работи кои се поврзани со мојата приватност ги споделувам, но не ги правам со некоја предумисла или подготовка претходно. Работите кои сакам да ги споделам ми доаѓаат спонтано и со цел ако ги споделам, на некого и да помогнам. Не го правам тоа за да бидам сожалувана, бидејќи имав коментари од типот зошто кажувам, па треба да си чувам за себе и слично, но јас сметам дека со тоа што споделив многу помогнав, помогнав на многу луѓе од кои добив многу пораки каде ми кажуваа дека ја имаат истата мака, криеле од најблиските, се плашеле, па посегнувале по апчиња, без притоа да побараат помош.

За Приказна,

Ване Маркоски

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,277FansLike
2,911FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ