Точно 108 години е стар изумот на Мери Фелбс Поли Џејкоб, жената која со помош на две џебни шамивчиња, лента и игли успеа да го осмисли градникот кој сè уште се користи.
Бунтовничката од Њујорк, градникот како ново парче од долната облека го дизајнирала една година пред огледало. Во 1910 година, гледајќи се во огледало сфатила дека не и се допаѓа како стои корсетот кој таа го носела и едноставно дека нешто недостига во него. Во своите мемоари „Страсни години“ го опишува како оклоп кој наликува на кутија од китови коски украсен со розеви конци. Тоа претставувало период на отфрлање на старомодниот корсет. Мери Поли, својот градник го носела на разни забави каде била забележана, повеќе од порано.
Облеката налик градник датира уште од древниот Египет. Сепак, Поли не била првата која го направила. Во 1859 година, Хенри Лешер го изумил како „подлошка за гради и штитник за пот“, иако бил мачен за носење. Главно бил направен од гума, па од таа причина бил непрактичен за носење.
Мери Поли, поднела барање за патент на својот градник на 12 февруари 1914 година, а одобрен бил на 3 ноември истата година. Со својот патент, Поли ја основа компанијата „Fashion Form Brassiere Company“ во Бостон каде вработува две жени да произведуваат градници. По неколку производства, овој изум не се покажал како доволно корисен, впрочем тенкиот материјал не ги држел доволно цврсто градите, како што тоа го правел корсетот.
По разводот од првиот сопруг, Мери се мажи за Хери Крозби кој ја убедува да не работи, па ја продава својата компанија на „Warner Brothers Corset Company” за 1.500 долари. Оваа компанија заработила повеќе од 15 милиони долари од патентот во следните 30 години.
По стапувањето во брак со Крозби, тие се селат во Франција и на негово барање таа го менува своето име во Карезе Крозби.
Мери основа издавачката компанија во 1927 година под името”Editions Narcisse”. Таа се занимавала со објавување на некои рани дела од важни автори.
Бракот го одбележуваат бројни афери, поради што Хенри се самоубива заедно со својата љубовница во 1292 година. Во 1930 година таа ја напушта Европа и се враќа во Америка, каде отвора уметничка галерија во Вашингтон. До 1950 година купува замок во Италија, но станува и политички активна. Умира на 78 години во Италија.