3.8 C
Skopje
Thursday, November 21, 2024
spot_img

До пред пандемијата, секоја година беше се’ подобра и подобра за велосипедскиот туризам кај нас

Планинскиот велосипедизам станува се’ позастапен спорт кај нас, каде постојат буквално илјадници вон-теренски и крос патеки. Да се организираат тури со велосипеди, прераснува во се поатрактивен туризам, кој го поттикнуваат целокупниот развој на руралниот туризам во Македонија.

-Јас веќе ова го работам околу 10-тина години. До пред Ковид, секоја година беше сè подобра и подобра. Интересот расте и кај домашните, но се повеќе станувавме атрактивна дестинација и за странските туристи. Македонија им е интересен дел кој нуди интересни можности за овој вид туризам, но и секој друг туризам поврзан со планина, вели Деан Ивановски – планинарски МТБ и туристички водич.

Деан е голем љубител и промотор на велосипедизмот како спорт и како туризам кај нас. Како човек кој најголем дел од времето ја истражува Македонија, го прашавме кои се некои од поинтересните дестинации за обиколка со велосипед

-Со оглед на тоа што Македонија е 80 проценти планински релјеф, има огромен број на тури, меѓутоа некои од поинтересните, кои мене ми се допаѓаат е Охридско – Преспанскиот регион. Турата која со клиентите обожаваме да ја возиме е таа што почнува од Отешево, преку патот на Галичица, понатаму свртуваме кон старите ски терени, тој е најубавиот дел од Галичица, одиме кон Велестово, се разбира со паузи, потоа полека се спуштаме кон Охрид. Турата е лесна, околу 40-тина километри. Друга интересна е турата околу самото Охридско езеро, бидејќи покрива две држави, се вози и во Албанија. Морам да признаам дека од албанска страна има и подобри услови, бидејќи имаат патека само за велосипеди. Потоа тука се турите околу Пелистер. Маврово е одличен регион за возење, таму се прават и нови патеки. Има една патека која се прави од Жировница кон Крчин и се надеваме дека ќе се спои со албанска страна, значи да може да се вози во Македонија, да се заврши во Албанија и обратно.

Соработката помеѓу сите инволирани е од голема важност за поголем развој на овој вид туризам кај нас.

Во последниве неколку години има соработка. Со самото тоа што се градат патеки кои се наменети за велосипедисти, тоа е еден вид исчекор. Претходно ние возевме на патеки кои не беа наменети за нас. Сега со проекти, дел кои се финансираат и од ЕУ, се прават пакети, на пример и на Водно. Се работи во Маврово, Крчин… Државата може да направи многу, бидејќи од ова сите имаме интерес од ова, додава Деан.

Сместувачките капацитети, храната, гостопримството, сето ова се работи кои ги ценат велосипедистите и даваат одлични оценки за тоа, па затоа Деан за крај вели дека соработката меѓу сите во овој сектор е најважна и сето тоа придонесува за развој. Со завршување на пандемијата, се очекува дека работите ќе се вратат во период од 2019 година, кога овој сектор беше еден од најдобрите и најнадежните.

За Приказна,

Ване Марковски

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,724FansLike
3,383FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ