21.8 C
Skopje
Thursday, March 28, 2024
spot_img

М-р Билјана Николовска: Родителите често не ја забележуваат осаменоста кај дечињата

Многу често се случува родителот да не ја забележи осаменоста кај своето дете, бидејќи во денешно време родителот носи многу обврски, дечињата седат сами дома, изложени се на технологија. Во минатото семејствата повеќе биле со баба, дедо, па комуникациските вештини кај децата се развивале повеќе. Таа осаменост знае да се продлабочи и да трае и многу е важно да се освестат родителите на време и да ја зајакнат соработката со градинката, вели во интервју за Приказна, м-р Билјана Николовска, стручен социјален работник во ЈУДГ Буба Мара.

Како влијае осаменоста кај децата? Како да ја препознаеме?

Билјана Николовска Осаменоста кај децата во предучилишна установа влијае на повеќе начини. Најчесто доаѓа и од семејната средина, а ние како стручни работници во детските градинки може да ја забележиме секако. Најчесто тие дечиња знаат да се повлечат во некоја просторија, во некој дел од занималната каде што ќе молчат, не сакаат да имаат интеракција со своите врсници, може да има родено ново братче или сестриче, можеби нешто е налутено и неговите родители не го ислушале.

Како да им се помогне?

Билјана Николовска Градењето на партнерски односи со родителите е една од најјаките страни што ги практикува детската градинка. Секако тие родители ги повикуваме, имаме индивидуални советувања, им даваме некои знаци коишто ние сме ги забележале преку аргументи.

Многу често се случува родителот да не ја забележи осаменоста кај своето дете, бидејќи во денешно време родителот носи многу обврски, дечињата седат сами дома, изложени се на технологија.

Во минатото семејствата повеќе биле со баба, дедо, па комуникациските вештини кај децата се развивале повеќе. Таа осаменост знае да се продлабочи и да трае и многу е важно да се освестат родителите на време и да ја зајакнат соработката со градинката.

Има ли некои техники кои ги препорачувате?

Билјана Николовска Во предучилишниот период убаво е сè да се прави со децата преку игра. Нема некои посебни техники и методи, меѓутоа најчесто им даваме примери преку игра каде што можат полека да го отвораат детето и да поттикнуваат дружељубивост.

Многу често во овие години на ново родителство се помалку се свесни родителите дека нивните деца се затворени уште од најрана возраст. Многу ретко знаат да говорат и да покажат интеракција и кон врсниците и кон возрасните. Сè се должи на новиот начин на живот, технологија и се повеќе расте оваа осаменост.

Документарен магазин Приказна

Има ли последиците ако не се препознае осаменоста кај децата?

Билјана Николовска Секако дека има, доколку не се реши тоа навреме. Најдобро е во предучилишниот период, затоа што тука се стекнуваат многу нешта кај дечињата. Доколку тоа се продлабочи во училишниот период, се случува и детето да се затаи повеќе.

Би сакала да им дадам една препорака на сите родители, искрено да разговараат со вработените во предучилишните установи, да се грижат за своите деца, малку повеќе да внимаваат, да ги дружат, затоа што осаменоста не влијае убаво кај дечињата.

Ване Маркоски

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,096FansLike
2,007FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ