9.8 C
Skopje
Friday, April 19, 2024
spot_img

Дали треба бебињата и малите деца да носат очила за сонце?

Летото е на прагот. Топлите сончеви денови се секојдневие, па оттука се поставува прашањето дали нашите деца имаат реална потреба од очила за сонце.

Несомнено, бебињата и малите деца со очила за сонце се особено слатки, но дали навистина очилата им се неопходни? Дали станува збор за потреба или само желба на родителите да го надополнат нивниот стил да изгледа уште подобар.

Некои стручњаци велат дека постои реална потреба. Иако секој би требало да ги штити очите од штетните сончеви зраци, ова е особено важно за бебињата, бидејќи нивните очи се особено чувствителни. Покрај тоа што очилата ги штитат очите од сончевите зраци, тие може да играат важна улога во создавањето здрава навика кога станува збор за заштита од сонцето.

Бебињата, но и децата помлади од 10 години имаат чувствителни очи. Дури и краткото појавување на сонце може да предизвика штета, која може да се манифестира со разни болести на очите. Покрај тоа, капаците на очите кај бебињата се исклучително нежни и чувствителни, па дури и ако се затворени капаците можат да изгорат.

Според Американската академија за педијатрија, доенчињата помлади од 6 месеци не би требало воопшто да се изложуваат на сонце. За да може да се заштитат потребно е да се користи чадор, шешир, стреа за количка, крем на сончање и очила.

При изборот на очила, потребно е родителите да обрнат особено внимание очилата за бебињата да блокираат 100% УВА (кратки) и УВБ (долги) зраци. Покрај ова, потребно е да се одберат очила кои правилно прилегаат на лицето на бебето и детето со цел да се обезбеди максимална заштита на нивните очи.

Извор

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,277FansLike
2,911FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ