10.8 C
Skopje
Friday, March 29, 2024
spot_img

Можна ли е револуција во лекувањето на болните од рак: сите пациенти во експриментот, излекувани за прв пат во историјата

Се чини дека сите пациенти заболени од рак во испитување на лекови, се излекувани „за прв пат во историјата“. Експерименталниот лек за рак веројатно го излечил секој пациент во малото клиничко испитување спроведено во САД, пренесува Индипендент.

12-те пациенти, на кои сите им бил дијагностициран ректален карцином, влегле во ремисија откако го користеле лекот достарлимаб во период од шест месеци, според студијата објавена во The New England Journal of Medicine.

„Ова е првпат во историјата на ракот“, изјавил за Њујорк Тајмс д-р Луис Дијаз, еден од водечките автори на трудот и онколог во Центарот за рак Memorial Sloan Kettering Cancer Centre.

Пациентите не доживеале ни значајни несакани ефекти во текот на нивниот третман, иако се верува дека не биле вклучени доволно луѓе во студијата за да се нагласат различните несакани реакции кои можат да бидат предизвикани од лекот.

Иако се возбудени од истражувањето, научниците сметаат дека ветувачките резултати ќе треба да се повторат и предупредуваат да не се заклучува дека ракот трајно е решен.

Достарлимаб е лек за имунотерапија кој се користи во третманот на рак на ендометриумот, но ова е прва клиничка истрага за неговата ефикасност во терапијата против тумори на ректален карцином. Лекот делува на тој начин што ги разоткрива канцерогените клетки, дозволувајќи му на имунолошкиот систем да ги идентификува и уништи.

За истражувањето, 12-те пациенти примале Достарлимаб на секои три недели во период од шест месеци.

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,097FansLike
2,009FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ