Дома Најнови Вил Смит поднесе оставка од Академијата на Оскарите

Вил Смит поднесе оставка од Академијата на Оскарите

Актерот Вил Смит поднесе оставка од Академијата за филмски уметности и наука, поради инцидентот кој го предизвика на Оскарите, удирајќи го актерот Крис Рок, минатата недела.

„Моето однесување на 94-то доделување на Оскарите беше шокантно, болно и неприфатливо. Ја предадов довербата на Академијата. Останатите номинирани и победници, беа лишени да ја слават нивната извонредна работа. Скршен сум“ изјавил Вил Смит.

„Насилството во било која форма e отровно и деструктивно. Моето однесување минатата вечер на Академијата на наградите беше неприфатливо и неоправдано. Шегите на моја сметка се дел од мојата работа, но шегите за менталната состојба на Џада беа премнигу за мене и реагирав емотивно. Би сакал јавно да му се извинам на Крис. Згрешив. Засрамен сум и моите постапки не се соодветни за човекот кој сакам да бидам„ напиша Вил на својот Инстаграм профил.

Академијата ја прифати неговата оставка, но ќе ја продолжи дисциплинска процедура.

Оставката од Академијата подразбира дека актерот повеќе нема да биде во можност да ги ужива придобивките кои ги имаат членовите, вклучувајќи го и гласање за потенцијални номинирани.

Exit mobile version