12.8 C
Skopje
Thursday, September 29, 2022
spot_img

„Сонцето не грее на сите страни“ на фестивал за документарен филм во Сараево

Документарниот игран филм „Сонцето не грее на сите страни“ во режија на Глигор Кондовски, денес ќе се прикажува во програмата AJB Industry, „Денови на индустријата“ што за прв пат се одржува на фестивалот Ал Џезира Балкан филм фестивал за документарен филм во Сараево.

Оваа година на форумот се селектирани 32 проекти од 21 земја. Целта на платформата е да им овозможи на режисерите и на продуцентите да се поврзат со фондови, дистрибутери и агенти за продажба за развој и презентација на филмовите кои обработуваат разни теми.

Во четирите фестивалски денови на учесниците им се нуди учество на пичинзи, дискусија на тркалезни маси, панел дискусии и индивидуални средби со професионалци од светот на документаристиката.

„Сонцето не грее на сите страни“ кој е во селекцијата Балкански ѕвезди, ја следи приказната за македонскиот Елвис Присли, Ване Црнгаров, роден во струмичкото село Куклиш кој заминува за Австралија. Сиромаштијата го тера главниот карактер да почне да се занимава со музика и така да заработува за живот. Приказната се одвива и во Австралија каде тој настапува како легендарниот Елвис Присли, но и во Куклиш за кој тагува и е носталгичен целиот живот.

Документарниот филм изобилува со музика, која му дава боја на филмот, преку неа гледачот се поврзува со Ване и ја чувствува неговата болка. Мотивацијата да се снима овој филм е универзалната приказна на иселениците кои од различни причини заминуваат од родната земја, но како што вели и Ване – каменот си тежи на своето.

Документарниот игран филм е во продукција на Револутион продукција од Скопје

Директор на фотографија Слаѓан Милошевски

Режија и музика Глигор Кондовски

Монтажа Иван Костадиновски

Продуцент Дејан Милошевски

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

3,649FansLike
1,468FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ