9.8 C
Skopje
Thursday, April 25, 2024
spot_img

Шпанија на праг да стане прва земја во Европа која ќе дозволи менструално боледување

Шпанија би можела да стане првата земја во Европа што ќе им дозволи боледување на жените со силни менструални болки.

„На жените со болна менструација ќе им го признаеме правото на посебна привремена попреченост што државата ќе им го плати уште од првиот ден“, напиша на „Твитер“ министерката за еднаквост Ирен Монтеро.

Законот дозволува и абортус во државниот здравствен систем, како и укинување на задолжителната родителска дозвола за прекинување на бременоста за девојчињата на возраст од 16 и 17 години.

Политичарите предупредуваат дека на законот сè уште се работи. Доколку законот помине, тој би бил прв од ваков вид во Европа. Само неколку земји во светот имаат таков закон.

Менструално отсуство се спроведува во Тајван

Менструалното отсуство за прв пат во Тајван е воведено во 2002 година, a беше дополнето во 2013 година. Политиката дозволува најмногу три дена менструално отсуство годишно. Според првичната политика, жените имаа право на менструално отсуство, но само како дел од 30-дневното боледување кое предвидувало и половина плата. Измената во 2013 година, се обиде да ги поправи пропустите. Па, со новото решение, жените имаат право на три дена менструација отсуство годишно со половина плата, покрај 30-те дена обично боледување. Ова значи дека жените можат да бараат отсуство поради здравствени причини до 33 дена годишно.

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,301FansLike
2,939FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ