3.8 C
Skopje
Wednesday, November 29, 2023
spot_img

Проф. Софија Арнаудова: Да најдеме време за себе, да ја намалиме трката со времето

Сите ние знаеме често да се најдеме во ситуација на осаменост, но доколку е акутна не гледам дека претставува проблем. Доколку тоа трае хронично, треба да побараме и стручна помош за да не влеземе во некоја депресија и да не го доживееме оној страв од осаменост кој може да влијае долгорочно, вели проф. д-р Софија Арнаудова од Филозофскиот факултет во Скопје, која е и лиценциран психолог и семеен советник.

Што е самотија?

Арнаудова Самотијата е нешто кое ние го бараме, нешто каде што имаме потреба да бидеме сами со себе. Ако некој којшто работи на личниот раст и развој и рече дека има потреба да биде сам, тоа го сфаќаме како нешто позитивно. За разлика од тоа има многу луѓе кои кога ќе речат дека имаат потреба од самотија, многу ги сфаќаат негативно. Дури и најголемите автори како Пикасо кој вели ако не се чувствуваш убаво и во свое друштво пријатно кога си сам тогаш не си добро друштво ни самиот на себе.

Се смета дека таа потреба за самотија е доволна 20 минути да бидеме сами со себе затоа што тогаш сме најкреативни, најинспиративни и можеме да бидеме само со своите мисли. Во последно време многу луѓе кои работат на себе сакаат да бидат и имаат потреба да бидат сами со себе. Таа е продуктивна и креативна самотија.

Човекот не треба да се плаши од самотија. Ако во минатото постоел оној парадокс и луѓето сметале дека ќе бидат исмеани ако седнат сами да се напијат кафе, да седнат во кафуле и да читаат книга, денес напротив тоа е доблест и тоа значи дека сме способни да се чувствуваме пријатно сами со себе и во своја кожа. Дури се препорачува да станеме 20 тина минути порано од она што стануваме, да биде тоа време за себе, да размислуваме што се случува со нашето тело, како се движат нашите мисли, нашето дишење и едноставно тоа заменува 2 часа спиење.

Дали осаменоста се разликува од самотијата?

Арнаудова Во минатото кога станувало збор за самотија и осаменост како да биде два термини коишто биде синоними, меѓутоа апсолутно денес зборуваме за два различни термини.

Самотијата е нешто што ние самите го бираме, меѓутоа осаменоста е нешто што е наметнато. Ние можеме да бидеме опкружени со еден куп луѓе, но да се чувствуваме осамено. Од друга страна може да бидеме сами а да се чувствуваме како да сме во интеракција со другите. Како се зголемува бројот на социјални контакти и квантитативно растат бројот на пријатели на социјални мрежи, ние како да го намалуваме бројот на луѓе со кои секојдневно влегуваме во интеракција.

Ако за самотијата велиме дека е нешто кое самите сме одлучиле да го избереме и е нешто коешто едноставно ни претставува некоја фаза каде сами се чувствуваме комотно и убаво, осаменоста е нешто кое предизвикува чувство на немир, вознемиреност, тага, депресија. Тука треба да си го поставиме прашањето колку често се случува враќајќи се од работа да се прашаме што ќе правиме сега во празен стан, како ќе го поминеме викендот сами, особено во време на празници, и кај луѓето се јавува страв од осаменост, страв од отфрленост. Ако тоа трае долго време треба да се работи повеќе на себе.

Сите ние знаеме често да се најдеме во ситуација на осаменост, но доколку е акутна не гледам дека претставува проблем. Доколку тоа трае хронично, треба да побараме и стручна помош за да не влеземе во некоја депресија и да не го доживееме оној страв од осаменост кој може да влијае долгорочно.

Проф. д-р Софија Арнаудова од Филозофскиот факултет во Скопје, која е и лиценциран психолог и семеен советник

Зошто луѓето денес се чувствуваат толку осамени, и покрај силната социјална поврзаност преку социјалните?

Арнаудова Анализирајќи на оваа тема, најдов едно истражување во САД кое е правено во 1984 година каде што ги прашувале испитаниците колкав е бројот на нивните блиски пријатели, бројот на лица со кои секојдневно се слушаат и одговорот бил 4-5 лица. Десет години подоцна, тој број се намалил на 3-4 лица, уште десет години подоцна, 2-3 лица, за во 2020 година одговорот биде ниедно или само 1 лице со кое се блиски и се во секојдневна интеракција.

Веројатно тука лежи одговорот колку ние се менуваме, колку времето се менува колку навидум оној виртуелен свет не прави можеби на момент исполнети, но всушност не прави многу осамени. Во онаа трка на време, пари, професионален развој, успех во приватниот живот, како да забораваме да посветиме внимание на она што нас не прави среќни, како да забораваме да посветиме внимание и на нашето ментално здравје.

Пред дваесетина години секое попладне на моите родители беше исполнето со кафе со соседите, денес тој момент како да фали. Денес секое наше излегување на кафе е поврзано со некој службен или деловен состанок, каде што ние не споделуваме работи кои не мачат или работи кои не прават среќни, туку едноставно се ни е поврзано со некој тајминг. Едноставно тоа не прави да сме влезени во една машинерија и во трка со времето.

Документарен магазн Приказна

Што може осаменоста да предизвика кај младите? Зошто се повеќе млади се чувствуваат осамено?

Арнаудова Ова го поврзувам со социјалните медиуми и со тоа колку младите имаат лажна слика и се несреќни кога се споредуваат со другите. Најголемата причина за среќа и несреќа е споредбата со другите. Ако се споредуваме со Кетрин Зета Џенс и каква куќа купила нема да се чувствувам осамено и несреќно, но ако се споредам со некој што е на мое рамниште веројатно ќе ми биде непријатно и ќе речам од каде сега ова лице успеало да си ги задоволи сите свои потреби. Толку и таа споредба кај младите води до осаменост.

Многу често по социјалните медиуми младите прикажуваат некој живот којшто е нереален, и во потрага по таква возбуда и авантура, оние кои не можат да си ја овозможат се затвораат во себе, се чувствуваат се повеќе осамени.

Ване Маркоски

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

4,857FansLike
1,878FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ