8.8 C
Skopje
Wednesday, October 5, 2022
spot_img

Почнуваат јубилејните 50. Мајски оперски вечери

Со премиерната изведба на операта „Норма“ од Винченцо Белини (20 часот), се отвора јубилејното 50. издание на Мајските оперски вечери, што ќе трае до 31 мај. Претходно, фестивалскиот оган ќе го запали оперската примадона Милка Ефтимова.

Во насловната улога во „Норма“ ќе биде Благица Поп Томова, а ќе пеат и Ѓорѓи Цуцковски, Сандра Митровска, Иван Томашев (Србија), Марика Поповиќ и Дејан Стоев. Во екипата се и тројца Италијанци: Енрико Довико (диригент), Ренато Бонајуто (режисер) и Флавио Арбети (сценограф и костимограф). Коавторка на костимите е Марија Пупучевска. Втората изведба ќе биде на 11 мај.

Во рамки на одбележувањето на јубилејот ќе биде промовирана и монографија за манифестацијата како културен симбол на нашето општество, чиј автор е Александар Трајковски, а рецензент е Фимчо Муратовски, диригентот на операта „Цар Самоил“, првата претстава со која биле отворени Мајските оперски вечери во далечната 1972 година.

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

3,651FansLike
1,466FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ