16.8 C
Skopje
Saturday, April 20, 2024
spot_img

Moџо Килингтон: „Уништување“ е роман за потрагата по себе и пропаѓањето на соништата што сме ги имале

Во еден здив, за само пет дена, додека интензивно го држела инспирацијата, авторот, сценарист и активист на социјалните мрежи Божидар Божиновски, познат како Моџо Килингтон, ја напишал својата трета книга „Уништување“. Романот, кој е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, беше промовиран на 2 декември, во книжарницата на Литература во Скопје сити мол, во присуство на многубројни гости. Станува збор за трета книга на Килингтон, по стихозбирката „Аутопсија на љубовта“ (2019) и романот „Денот кога не се разбудив“ (2020).

Moџо Килингтон

Првиот роман го напишав за три дена. Новиот е малку покомплициран – го завршив за пет дена. Пишувам додека ме држи некоја инспирација или енергија, можеби да си дадев еден месец ќе беше многу подолг и подобар романот, но немаше да ја има оригиналната форма и замисла, да се чита брзо и да остави емотивна трага. Финалната верзија е прва верзија, повеќе сакам романот да биде автентичен, отколку да биде добар. Затоа, не се ни навраќам да препишувам делови или да коригирам, како што било во моментот, така останува замрзнато. Инспирација за „Уништување“ беше животот и неговите чудни патишта. Приказната е за мала, може да се нарече, административна грешка, која на главниот лик му го менува животот. На подобро или не, тоа останува на личната перцепција на читателот, а сепак тој решава да ги прави сите работи и желби од кои бил лишен во стегата на моралот на средната класа и удобниот живот без многу потреси. Романот не е автобиографски. Случувањата не се вистински. Се надевам барем дека не, повеќе би биле тие човечки моменти, оние што, верувам, на сите ни се блиски, потрагата по себе, уништувањето и пропаѓањето на соништата што сме ги имале, несигурности, гревови, талкања и физички и ментални и духовни. Сите сме номади кои си го бараат домот, а ретките и среќните ќе го најдат – вели Moџо Килингтон.

Главниот протагонист во „Уништување“ е четириесет и двегодишниот доктор Јан Рајсберг, сопруг на Марија, татко на Лотар и Ана, кој еден ден дава отказ.

Комерцијална објава

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,280FansLike
2,917FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ