15.8 C
Skopje
Thursday, May 26, 2022
spot_img

Најновиот извештај на СЗО укажува: епидемија од дебелина

Повеќе од половина од возрасните во Европа се дебели, според Регионалниот извештај за дебелината за 2022 година претставен од Светската здравствена организација.

Дебелината предизвикува попреченост во Европскиот регион на Светската здравствена организација-СЗО, а тековните трендови предвидуваат дека во некои земји дебелината ќе ги надмине другите фактори на ризик и ќе стане највисок фактор на ризик за развој на рак.

Скоро третина од децата и 59 проценти од возрасните во Европа имаат прекумерна тежина или живеат со гојазност, се наведува во извештајот. Според СЗО, момчињата почесто се гојазни или имаат прекумерна тежина од девојчињата.

Европските нивоа на гојазност се повисоки од било кој друг регион на СЗО освен Америка, велат од организацијата, додавајќи дека бројките пораснале за 138% во периодот од 1975 до 2016 година.

Прелиминарните податоци сугерираат дека пандемијата на ковид-19 го влоши проблемот со дебелината. Новиот извештај има за цел да ја истакне големината на овој проблем и да ги забрза напорите за негово решавање. Извештајот ги вклучува најновите препораки засновани врз докази што треба да ги земат носителите на одлуки. За да се промени ситуацијата, потребни се ефективни промени во владините политики.

Документарен магазин Приказна посветен на дебелината

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

3,391FansLike
1,403FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ