22.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024
spot_img

Малиот Влатко остана без татко и брат: се плашам за мајка ми, не знам што би правел и без неа

Трагично е кога децата пред време мора да пораснат без да осознаат што значи безгрижно детство. Жално е кога на дванаесет години мора да заспиваш со солзи, не знаејќи што те чека кога ќе ги отвориш. Жално е кога дете треба да дознае што е живот, тој да почне да му држи лекции почнувајќи од најтешката. Со солзи во очите малиот Влатко Арсовски од с. Ореше ја започна својата приказна. Со солзи во очите наместо со смеа и радост, посакува да му се вратат најблиските од небото, но, и никогаш да не го напушти мајка му, зашто не знае што би правел и без неа.

Нема достапен опис

Мајката на Влатко, до болка скршената Снежана, очигледно е жената со најубавите, но, истовремено и жената со најтажните сини очи кои некогаш сте ги виделе. Толку полни со солзи за најмилите, што додека ја раскажуваше својата приказна за емисијата „Срце на дланка“, имав чувство дека ќе се удави во нив. Снежана со својот сопруг изминатите децении создале осум деца. Пет ќерки и три сина. Живееле скромно, но биле пресреќни. „Не постоеше посреќна мајка од мене“-споделува Снеже.

Нема достапен опис
Снежана Арсовска

Чувале многу крави, и за секое дете имале визија и желба да му купат куќа во Градот. Но, пред пет години дознава дека најстариот син заболува од канцер и тука започнува агонијата на ова семејството. Болни месеци се пред нив. Кравите мора да бидат продадени за неговото лекување, хемотерапија, опоравување. За жал, сепак нема да можат да го спасат животот на овој млад сопруг и татко. Татко никогаш не успеа да биде, зашто детето му се роди само дваесет дена после неговата смрт. Не издржа неговото срце барем да го прегрне. И да му каже дека секогаш ќе го сака и чува од горе на небото.

„Беше многу силен, вреден, љубезен. Сите го сакаат. Мислам дека цело село плачеше за него. Не можеа да поверуваат дека го нема“-раскажува таа.

„Бато сè ми купуваше. Беше многу добар. Секаде ме носеше со него-низ солзи раскажува и малиот Влатко. Чувствувам празнина без бато и тато. Најмногу сакам да се вратат од небото. Да си дојдат дома. А ако ја изгубам и мама, не знам што ќе правам. Без мама и јас ќе умрам. Не ми треба живот!-додава ова младо момче.

„Сè и помагам. Сечам дрва, чистам, готвам, само да биде здрава и жива. Многу сум исплашен. Сакам да учам. Многу сакам да се запишам на факултет и да бидам актер. Тоа го посакувам отсекогаш! Ама во селово нема услови за живот. Одам до соседното село за во училиште. Тука нема ниту продавници, ниту амбуланта. Нема ниту многу луѓе. И јас сакам да бидам среќен како другите деца.“, емотивно споделува.

Лошото никогаш не доаѓа само. Од тага за синот и сопругот на Снежана се разболува од канцер на бели дробови и семејството влегува во нова агонија. Долги месеци борба за здравјето. Продавање на останатите крави и доведување на куќата до фаза на пред распаѓање. Конечно, столбот во куќата не издржува и пред два месеци се преселува кај синот. Оставајќи ја Снежана сама со двете најмали деца Влатко и Антонио да се мачи и да ги оплакува.

Нема достапен опис

Покрај болката од загубата за најмилите, Снежана е тажна и што во оваа куќа и животот им е загрозен. Тече од сите страни, сè е старо и дотрајано. Едвај преживуваат. „Живееме само со шест илјади денари месечно, но не стигаат! Плаќам струја, за детето во училиште и не останува ништо. Гладуваме. Се случува и да немам храна половина месец. Да беа живи синот и сопругот никогаш немаше да барам помош. Ама останав за никаде. Барам спас, спас за децата. Барем уште нив да ги извадам на пат. Не барам за мене, моето го одживеав, се борам за нив. Децата иако се мали ме тешат. Но, ништо не може да ме утеши. Колку ми беше полна куќата со снаа, внуци. Немаше посреќна мајка од мене. Сега се радувам само на денот кога доаѓаат на гости, но таа радост исчезнува кога си одат дома. Повторно се обвивам во старата болка. За жал никој со судбината не може да се справи, постојано плачејќи раскажува Снежана.

Иако таа болка никогаш нема да исчезне, ниту да се намали, сепак со последни сили молам, го молам народот да ми помогне да соберам некој денар за да ја поправам куќата. Малку посилен снег и кровот ќе падне. Или ако може општината да ми даде стан со децава да се преселам, бидејќи тука иднина за нив нема-завршува Снежана.

Доколку сакате да и помогнете на Снежана да излезе од дното, тоа може да го сторите на телефонскиот број 071 472763 или на сметката 290500019939831.

Автор

Оливера Петрушевска

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,528FansLike
3,293FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ