4.8 C
Skopje
Wednesday, November 30, 2022
spot_img

Катерина Наумовска-Ристовска: Коефициентот на емоционалната интелигенција е поврзан со нашето здравје

Коефициентот на емоционалната интелигенција е поврзан со нашето здравје. Колку е повисок коефициентот на емоционалната интелигенција, значи дека сме психофизички поздрави, имаме добра психофизичка благосостојба и сме задоволни од животот, изјави за Приказна, психологот Катерина Наумовска-Ристовска

Што е емоционална интелигенција?

Катерина Емоционалната интелигенција претставува способност односно знаење за тоа што го чувствуваме и користење на сопствените чувства за носење на добри одлуки во животот. Таа претставува една способност за добро управување со непријатното расположение и способност за контрола на нагоните. Благодарение на неа, ние сме мотивирани и имаме многу надеж и оптимизам и тогаш кога доживуваме неуспеси на патот кон остварување на некои цели.

Емоционалната интелигенција ја вклучува емпатијата, односно способноста да знаеме како се чувствуваат другите, ги опфаќа социјалните вештини, да знаеме да се согласуваме со другите и да ги убедуваме и преговараме со нив.

Зошто е важен коефициентот на емоционална интелигенција?

Катерина Лицата коишто имаат висок степен на емоционална интелигенција, коишто ги препознаваат и разбираат сопствените емоции и емоциите кај другите имаат предност во многу подрачја. Тие се лица со висока самодоверба и се сигурно во себе, лица кои носат добри одлуки во животот, и кога ќе погрешат знаат да се носат со непријатните емоции и добро да управуваат со нив. Тоа се лица кои добро се носат во стресни ситуации како и во конфликтни ситуации, без да се наруши рамнотежата во организмот.

Она што е најважно, коефициентот на емоционалната интелигенција е поврзана со нашето здравје. Колку е повисок коефициентот на емоционалната интелигенција, значи дека сме психофизички поздрави, имаме добра психофизичка благосостојба и сме задоволни од животот.

Кои се компоненти на емоционална интелигенција?

Катерина Постојат повеќе компоненти на емоционална интелигенција. Прва важна компонента на емоционалната интелигенција е самосвеста. Да бидеме свесни за тоа како се чувствуваме. Точно да препознаеме во моментот како се чувствуваме и наместо да ги потиснуваме емоциите, да ги доведеме до една повисоко ниво на свесност.

Втора важна компонента е емпатијата. Да знаеме како се чувствуваат другите и да ги разбереме нивните емоции. Друга компонента е носењето на одлуки, односно да бидеме способни да ги препознаеме нашите потреби, да ги слушаме емоциите коишто би ни помогнале во носењето на добри одлуки. Исто така себеприфаќањето е важна компонента. Да бидеме способни да ги прифатиме нашите маани, нашите недостатоци, да прифатиме кога правиме грешки бидејќи човечно е да се греши, без да доведеме до тоа доживување на грешка да ја наруши нашата хомеостаза на организмот. Социјалните вештини односно добрата комуникација со другите луѓе, да знаеме во тие моменти кога комуницираме, повторно да ги разбереме нашите емоции и емоциите кај соговорникот, а истото тоа би го користеле во ситуации кога би постоеле конфликти.

Една од компонентите е и решавање на конфликти. Лицата кои имаат висок коефициент ан емоционална интелигенција, мудро ги користат емоциите во конфликтни ситуации, без да дозволат да ги преплават од коишто понатаму ќе бидат незадоволни и ќе имаат чувство на вина. Самооткривањето и откривањето на сопствените потреби е исто така од компонентите на емоционалната интелигенција и многу важна компонента е личната одговорност, преземање на одговорност за сопствените постапки. Доколу погрешиме или на некој му нанесеме некаква емоционална штета во ред е тоа да го прифатиме и да ја преземеме одговорноста за нашата постапка. Наспроти ова, лицата со низок коефициент на емоционална интелигенција секогаш ги обвинуваат другите. За сè се криви другите, а тие не ја прифаќаат одговорноста. Личната одговорност е многу важна компонента за лицата со висок степен на емоционална интелигенција.

Како да го зголемиме нивото на емоционална интелигенција?

Катерина За разлика од когнитивната интелигенција којашто е вродена, емоционалната интелигенција се учи. Секој оној кој сака да ја зголеми својата емоционална компетентност, може тоа да го направи во својот живот. Она што треба да го направи е да донесе одлука дека сака да направи промени и дека сака да биде подобра верзија од себе.

Денес за среќа, постојат многу обуки и тренизни во кои учесниците може да научат многу емоционално писмени вештини. Со тие вештини може да научат да ги препознаваат емоциите кај себе и кај другите. Да научат како да реагираат кога се преплавени од непријатни емоции а исто така да знаат да научат како да реагираат кога некој друг ќе им соопшти како се чувствуваат. На тие обуки, учесниците може да научат да ја зголемат својата самодоверба и да бидат посигурни во себе и подобро да се справат во конфликтни и стресни ситуации. На овие обуки тие учат како да не влегуваат во психолошки игри.

Покрај вакви тренинзи и обуки, постојат многу книги, брошури, интернет страници. Моја препорака е да се прочита книгата „Интелигенција со срце“, во која се опишани доста емоционални вештини.

Документарен магазин Приказна

Каква е поврзаноста помеѓу емоциите и однесувањето?

Катерина Емоциите и однесувањето се тесно поврзани. Од тоа како ние се чувствуваме, така и ќе се однесуваме, односно од тоа како ќе се однесуваме, така ќе се чувствуваме.

Постои една изрека која вели луѓето кои добро се чувствуваат добро и се однесуваат. Кај лицата со емоционална интелигенција, тие може да направат и тогаш кога не се чувствуваат добро да манифестираат соодветни постапки, кои понатаму ќе им помогна да доживеат пријатни емоции. Доколку има некој настан кој за нас е важен ќе имаме интензивна емоција, доколку таа емоција е лутина и ние сме многу лути, а сме емоционално мудри, тогаш ќе ја искористиме таа емоција за анализа и предизвикување на добри реакции и ќе направиме да се однесуваме онака како што сме научиле некаква емоционална вештина, каде што добро би се справиле во таква ситуација, односно би ја соопштиле лутината на соодветен начин без да манифестираме некакво агресивно поведение. Откако ќе го направиме тоа, после нашата постапка сме задоволни од нашето однесување, и доживуваме пријатни емоции.

Ване Маркоски

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

3,817FansLike
1,514FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ