14.8 C
Skopje
Friday, April 19, 2024
spot_img

Родители, децата имаат потреба од вашето внимание, за да го надминат стресот

Страв, несоница, главоболки, намален апетит, се дел од нарушувањата кои стресот ги предизвикува кај децата. Не се исклучени ни сериозни здравствени проблеми поради кои мора да се посети лекар.

Волшебниот триаголник дете, родител, училиште или градинка е база на целокупниот развој на детето. Стресот може да влијае во овој триаголник со тоа што ќе го спречува неговиот развој, но може да служи и како позитивен потенцијал. Кога стресот се јавува во мала доза, тој не претставува проблем. Но, кога е постојан и континуиран, може да премине и во траума, вели педагогот Мира Ѓоргиева.

Педагог Мира Ѓоргиева

Стресот кај децата има својство на акумулирање, што може да доведе до различни несакани последици – развојни заостанувања, нервози, енуреза и проблеми во училиштето. Да се заштити детето не е доволно, бидејќи едноставно е невозможно да се спаси од сите непријатни ситуации.

Стресот и нервозата се заразни, па лесно може да се пренесат и кај возрасните, но и кај децата.

Според педагогот Мира Ѓоргиева, детето учи од тоа што го гледа. Сите ние, родителите и возрасните сме пример за детето. Така е и во реакциите на стресот. Доколку родителот при состојба на стрес реагира со агресивно однесување, тоа ќе се провоцира и кај детето кое ќе приложи таков тип на однесување, или пак повлекување, депресија, негрижа за детето, непокажување љубов, резултира кај детето да се појават нуспојави кои се резултат на стресот. Најважно е на секое дете да му се покаже љубов, грижа и топлина. Да му се даде внимание. Тоа што најмалку современите родители го имаат е времето. Појавата на стрес за да не доведе до последици, многу е важно родителот да знае дека кај детето развива социо-емоционална интелигенција, да разговара за чувствата, да внимава како се однесува пред детето, додава Ѓоргиева.

Педагогот Мира Ѓоргиева, открива дека за разлика од малите бебиња кај кои мокрењето, желбата за спиење или јадење се јавува како стрес, децата над две годишна возраст, стресот го доживуваат поинаку. Промени кои се јавуваат како резултат на стрес кај децата се: промени во однесување, немање контрола врз чувствата, пелтечење, асоцијалност, насилство, тврдоглавост, тантруми. Во пракса се покажало дека цртањето на ист цртеж, укажува на тоа дека нешто се случува во животот на детето, односно укажува на стрес или траума, споделува за Приказна, Ѓорѓиева.

Приказна на тема стрес кај деца

Многу е важно да се направи правилна диференцираност помеѓу соматските и физички проблеми со кои се соочуваат децата.

За Приказна

Ване Маркоски

Вики Чадикосвка

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,279FansLike
2,913FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ