2.8 C
Skopje
Sunday, November 28, 2021
spot_img

Истражуваме: Децата онлајн, мета на насилници, како да ги заштитиме?

Електронското насилство е вид на насилство кој сѐ повеќе ги засега учениците и наставниците, а постои недоволна информираност и умешност за справување со него.

од снимањето на Е4 – Јорданка Черепналкова – Трајкоска – координатор на проекти и СОС телефон на „Меѓаши“.

Она што е лошо во сајбер насилството е што многу често агресорот којшто навредува е анонимен и може лажно да се претстави. Значи немаме претстава кој тоа го прави, ниту пак од друга страна, тој што сака да повреди, може да ги види реакциите и чувствата на тој го навредува што ја скратува можноста да се развие емпатија, разбирање, да види што прават неговите реакции кон врсникот, вели за „Приказна“, Јорданка Черепналкова – Трајкоска – координатор на проекти и СОС телефон на „Меѓаши“.

Развојот на современите технологии, особено во комуникацијата, доведува до појава на насилство преку користење на алатките од информатичките технологии и социјалните медиуми. Сајбер насилството подразбира праќање на навредливи СМС-и ММС-пораки, фото и видеоклипови, праќање на имејл, чет, блогови, посетување на веб-страници со несоодветни содржини, насилство преку користење на социјалните мрежи какви што се Фејсбук, Инстаграм, Вајбер, Скајп и други апликации. Сајбер-малтретирањето може да предизвика депресија, па дури и самоубиствени мисли кај децата.

Наједноставен пример за насилство врз деца преку интернет или со паметен телефон е кога некој ќе земе лична, компромитирачка слика од дете и преку мобилен телефон ја испраќа до сите. Заканувачките или понижувачките текстуални пораки од електронска пошта или мобилен телефон анонимно се испраќаат и се дистрибуираат до сите. Ова е форма на индиректен напад. Директен напад е кога се испраќаат вознемирувачки пораки на мобилен телефон, по имејл и четови, потоа вознемирувачки фотографии по пат на ММС-пораки на мобилен телефон или на социјалните мрежи, порнографски содржини или вируси по пат на електронската пошта или социјалните мрежи.

За жал не се само децата предмет на сајбер силеџиство. И возрасните можат да бидат предмет на електронско насилство. Онлајн наставата за жал, го исфрли ова како еден податок, за кој мора не само да се зборува, туку и да се најде соодветно решение.

Ние гледаме, а не гледаме дека децата всушност ги изгубија училниците, го изгубија просторот во кој всушност се социјализираат, бидејќи ова се генерации кои живеат пред екран и таму ја имаат можноста да се социјализираат, да имаат меѓуврсничка поддршка, вели за „Приказна“, Елизабета Петровиќ – семеен и системски психотерапевт и додава:

од снимањето на Е4 – Елизабета Петровиќ – семеен и системски прихотерапевт

Има родители кои се премногу загрижени околу онлајн наставата, па влегуваат во улога на наставници, шепкаат на своите деца бројат грешки, што е погубно за детската самодоверба. Замислете под таков стрес, како може детето да биде мотивирано за работа, а исто така оние кои имаат самодоверба немаат потреба од споредба, тие се споредуваат со самите себеси и си дозволуваат да грешат. Грешките се дел од животот.

ПРИКАЗНА Е4 – ЦЕЛА ЕМИСИЈА – ТЕМА: САЈБЕР НАСИЛСТВО

На глобално ниво, еден од пет наставници е жртва на кибербазитинг, форма на електронско насилство. Во оваа форма, учениците им се потсмеваат на нивните наставници. Потоа, тие ја доловуваат реакцијата на наставникот на видео и ја објавуваат за другите да гледаат.Освен тоа што се понижувани, некои наставници ги губат своите работни места поради видеа, бидејќи не можеа да го задржат смиреноста.

Позитивната употреба на технологијата, која создава безбедни и ефективни практики, е клучна во превенција од злоупотреба на технологијата. Училиштата треба да се осигурат дека наставните стратегии и цели ги поддржуваат иновативната и привлечна употреба на технологијата.

За Приказна,

Вики Чадиковска

Ване Маркоски

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

2,348FansLike
1,235FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ