21.8 C
Skopje
Thursday, March 28, 2024
spot_img

Медицинска сестра се раѓа, не се станува

Поголем дел од здравствената работна сила во светот се жени. Како доктори, медицински сестри и други здравствени работници, тие се во првите борбени редови. Податоците на СЗО од 104 анализирани земји, откриваат дека поголем дел од работната сила во здравствениот сектор се жени, дури 70%. Жените во овој сектор, заработуваат 11% помалку од мажите. Значителен дел од овие жени се волонтери, кои освен за професионалниот избор, се грижат и за своите семејства. Бројката на луѓе кои го ризикуваат својот живот, спасувајќи ги туѓите животи е голема.

Ова беше нашата водилка, да ве започнаеме со медицинската сестра Валентина Даркова. 33 години поради храброста, пожртвуваноста и љубовта кон својот народ, успешно мотивира и ја враќа надежта за подобро утре, со секој изминат ден, посебно сега, борејќи се со овој вирус …

„Бев една од првите медицински сестри кои кога се појави болеста се пријавив како доброволец во битолската инфективна клиника. Јас сепак сум сестра која работи на невро-хирушкиот оддел во Битола, ама по вокација сум сестра со високо образование, која работеле во повеќе одделенија, меѓу кои и интензивна нега и сега почуствував дека на нашиот народ му треба помош од едуницирани сестри, за да се справиме со пандемијата која не снајде.“-открива Даркова.

Валентина Даркова

Валентина е самохран родител, но и ќерка на 78 годишна мајка, а токму тие, синот и мајката, се нејзината најголема поддршка сите овие месеци, додека Валентина е во Скопје …

Јас сум самохрана мајка и кога му кажав на моето дете дека ќе дојдам на инфективната клиника во Скопје, ми кажа оди мамо помогни, сепак ова е наш народ. Тоа беа неговите зборови и секогаш имам поддршка. Кога ќе кажам не доаѓам оваа недела дома, немам никаков проблем, бидејќи тој знае со каква работа работам и дека сум потребна на болните луѓе.“-ни изјави Валентина.

Болниот во здравствениот работник ја гледа светлата точка, тој е негов спасител, посебно сестрата која секојдневно се грижи за него …

„Кога знаете дека сте го дале максимумот, зад тие врати кога ќе влезете внатре и работите со совест, грижа и љубов, тогаш, кога ќе дојдете дома и покрај тоа што е многу тешко, на некој начин сте среќни, посебно кога ќе видите кога некој ја напушта клиниката“-вели Даркова.

Пандемијата ни одзема многу роднини, пријатели, познаници, но здравствените работници мора да се силни, посебно кога знаете дека сте го дале максимумот за да помогнете на секој човек во ваква болест.

„Ние сме сепак здравствени работници кои работиме со срце и со љубов. Кога дојдов тука видов доктори кои работат по 24 часа, не ги соблекуваат кломпите, секогаш се присутни помеѓу нас да ни помогнат, помеѓу болните, промената кај сите нас се гледа во тоа што сфативме и знаеме колку треба да работиме“-споделува со нас, Валентина.

Медицинска сестра се раѓа, не се станува. Техниките се учат. Кога од мали години се гледате во нешто во кое треба да помагате на луѓето … Во моето семејство секогаш ме учеле дека со сиромавиот и болниот човек никогаш не треба да се тера мајтап, туку помогни толку колку што можеш, пружи една рака, така да јас сепак сум здравствен работник со срце“-додаде медицинската сестра, која е нашата инспирација во Приказна.

Нејзината порака е: „Како и секоја војна, така и оваа ќе помине. Дека вирусот на некој начин ќе ослабе и ќе замине.

Болеста ќе остави трага во многу семејства кои ги изгубија најмилите, но сепак хуманоста, пожртвуваноста и подадената рака на овие луѓе, вечно ќе ги паметиме. Ви благодариме.

За Приказна,

Ване Марковски

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,096FansLike
2,007FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ