Дома Истражување Интернет зависноста предизвикува лавина негативни последици врз самата личност, но и опкружувањето

Интернет зависноста предизвикува лавина негативни последици врз самата личност, но и опкружувањето

Нема сомнение дека интернетот ни го олесни животот многу, првенствено со тоа што ни овозможи полесен пристап до информации. Освен тоа, сега можеме да бидеме во контакт со повеќе луѓе од различни делови на светот. Денес можеме да купуваме, да нарачуваме храна, да плаќаме сметки, да работиме преку интернет, така што понекогаш дури и не мора да го напуштиме домот. Интернетот дефинитивно ни заштеди време, особено не поштеди од чекање во турканици.

Сепак, оваа приказна е меч со две сечила. Интернетот ни го олесни животот, но доведе до голем број други проблеми, од кои една е и зависноста од интернет. Многу интернет корисници станаа зависни затоа што сè прават онлајн и скоро да не го напуштаат домот. Ова доведува до проблеми, и ментални и физички, кои можат сериозно да го загрозат здравјето доколку не се преземат одредени чекори.

Емисијата Приказна посветена на интернет зависност

Во 1995 години, доктор Иван Голдберг за првпат ја дефинира зависноста од интернет. Ова нарушување е дефинирано како клиничко нарушување со силни негативни последици врз социјалното, работното, семејното, финансиското и економското функционирање на една личност. Зависноста од интернет е состојба кога една лично ги употребува дигиталните алатки како доминантна животна активност, со што придонесува за изолација во однос на останатите општествени форми. Ваквото однесување придонесува за создавање негативни последици врз самата личност, но и опкружувањето.

Прекумерна користење на дигиталните алатки, како компјутери, мобилни, таблети и слично, односно интернет, придонесува за намалување на или занемарување на основните потреби како спиење, храна, тоалет …

Според психологот Деспина Стојановска преку видеоигрите, децата доживуваат висок степен на возбуда, тој степен не може да го постигнат во реалниот свет, а кога малите мозочиња ќе се научат на таков интензитет на возбуда, тие ќе ја бараат и во другите сфери од животот и не можејќи да ја најдат, тие се навраќаат на нови нивоа на видеоиграта.

Обидите да се намалат активностите на дигиталните платформи или употребата на дигиталните алатки, придонесуваат за изливи на гнев вознемиреност, фрустрација, што создава караници, мотивира лажење и манипулативно однесување, слаби резултати во училиште или на работа.

Контрола може да воспостават родителите, ако детето е мало, а за поголемите деца контролата се воспоставува со едукација, информирање за тоа како се развиваат, ако поголем дел од времето го поминуваат пред малите екрани, смета Стојановска.

Првиот чекор за справување со овој вид зависност е прифаќање дека тој проблем е реален. Најчесто, најголем дел од нас не сфаќаат дека повеќечасовното време потрошено на дигиталните платформи е проблем. Истражувањата покажале дека терапиите за анксиозност и депресија, имале големо влијание врз времето поминато на интернет. Во некои случаи, придонеле до намалувањето на стапките од 35+ часа неделно на 16 часа неделно.

Психологот Ангела Богдановска смета дека сите деца денес се подложни на користење мобилни, таблети, компјутери. Тие не можат да не користат интернет денес. Има една дефиниција за она што е нормално. Вели дека се’ она што го користи група на луѓе којашто е поголема е нормално, па оттука би кажала дека цело она време што е посветено на една активност, односно седење на мобилен телефон или компјутер и е подолга од 4 до 6 часа и ги надминува сите други активности, можеме да кажеме дека станува збор за зависност, додава Богдановска.

Физичката активност е мошне ефикасна во зголемувањето на нивото на серотонин и ја намалувањето на зависноста од интернет.

За да му помогнеме потребно е да се придружиме и заедно со него да излегуваме и да го структурирате времето. Ако се многу недостапни децата, тогаш родителот е добро да се запознае со содржините кои детето ги гледа на интернет, со игрите што ги игра, за да може на тој начин да му го привлече вниманието и повторно да го обнови контактот со него и да се оствари една здрава комуникација, нагласува психолот Деспина Стојановска.

За Приказна,

Бранка Чочкова,

Ване Маркоски,

Вики Чадиковска

Exit mobile version