15.8 C
Skopje
Thursday, May 26, 2022
spot_img

Илина Ведран: Децата се чувствуваат како заложници за среќа на родителите

Стресот е постојан придружник во ова секојдневие. Пандемијата со Ковид 19 само дополнително ја влоши состојбата, предизвикувајќи големи промени во секојдневниот живот и кај децата и кај возрасните. Според Илина Ведран, тренер за личен развој, она што се случува во изминатите 2 години, пандемијата и со сè она што поминуваме на колективно ниво, ние на некој начин на којшто сме научени да преживуваме, наоѓаме разни ситуации да се справиме со тоа, но вистината е дека има колективна траума, за која ќе треба долго време да се работи на колективно ниво. Таа колективна траума ги буди нашите лични трауми, коишто не се само наши, не знаеме од каде доаѓаат, особено траумите од детството, затворањето, чувство на вина, срам, страв. Она што е важно е да бидеме свесни и свесно да го поминуваме тоа.“ смета Илина.

Таа неодамна започна со спроведување на програми за работа со деца во некои од градинките и училиштата. Во фокусот се срамот, вината, врсничкото насилство, бидејќи тие предизвикуваат стрес кај децата.

Од она коешто го работам последните десет години, забележав дека сите ние како родители, како воспитувачи, наставници, постојано треба да се будиме, да се развиваме на тоа поле и да сфаќаме што е наше, а што е на децата, односно кои се децата кои сме ние. Тоа беше причината којашто ме поттикна малку повеќе да се посветам во градинките и училиштата каде се повеќе постои врсничкото насилство. Живееме во колектив каде доминира срамот и вината, за конфликтите немаме подлабоко разбирање, ако некој погреши најчесто следува казна, ова се само дел од работите кои ме наведоа да ги креирам овие програми“ вели Илина.

Документарен магазин Приказна на тема стрес кај деца

Да се стане родител е огромен пресврт. Тоа ќе промени многу работи во вашиот живот. Преголемите очекувања на родителите од своите деца, предизвикуваат стрес и кај децата, и кај родителите …

„Ако сакаме да сме слободни и да ги ослободиме нашите деца, прво треба да видиме дека ние сме зависни од нашите деца. Децата се чувствуваат како заложници за среќа. Тие мора да бидат добри за родителите да се среќни, мора да бидат одлични. Поради ова тие се под стрес, дали ќе ги задоволат очекувањата на родителите, бидејќи ако тоа не го сторат, родителите ќе бидат несреќни.“ изјави за Приказна Илина Ведран. Ние бараме од децата постојано да бидат добри, да не бидат мрзеливи, постојано да нè почитуваат, да не нè навредат, а што правиме ние? Дали ние сме такви? Дали ние сме совршени? Потребно е да им дозволиме на децата да бидат човечки битија. Затоа што секој во одреден момент се однесува и позитивно и негативно. Можеби децата во одреден момент поминуваат низ некоја анксиозна или депресивна фаза, поминуваме и ние. Најдобро нешто во тој момент е да се прашаме како тоа ние во себе го препознаваме. Можеби ќе ја пронајдеме својата анксиозност, својата депресија, осаменост, чувството дека не сме сакани и вредни. Ние постојано ги гледаме децата како некој трофеј кој ќе го оправда нашиот живот и ќе го поправат она коешто ние не сме можеле да го направиме, смета Илина.

Грижата за ментално здравје вклучува навремено препознавање и соодветна грижа.

За Приказна

Ване Маркоски

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

3,391FansLike
1,403FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ