21.8 C
Skopje
Thursday, March 28, 2024
spot_img

Уметниците со изложба апелираат за спас на планетата

„Розеви тигри и златни гуштери и што уште не“, е насловот на изложбата која е во тек во резиденцијата на Европската Унија во Скопје, а главна тема е спречување на колапсот на биодиверзитетот.

„Еден интересен пристап на уметниците коишто се селектирани тука за да се обидеме да упатиме еден апел, да повикаме на акција којашто треба сите ние да ја направиме ако сакаме да ја спасиме нашата планета. Секој на свој начин се осврнува на најгорливите проблеми со кои се соочува планетата Земја“, изјави за Приказна Дијана Томиќ Радевска – ликовен уметник и куратор на изложбата.

Изложбата е дел од кампањата за Зелениот договор што Делегацијата на ЕУ ја започна во ноември минатата година, повикувајќи на силна политичка посветеност и итна акција на сите нивоа во справувањето со климатските промени.

Според Томиќ Радевска, на оваа изложба всушност најмногу уметници одговорија на што е она што ние како луѓе го нарушивме, како го сменивме патот на биодиверзитетот кој навистина е во опасност. Онаа заедничка хармонија што ја имаме со природата, всушност ја покажуваме тука, тоа е една нераскинлива врска. А ние луѓето, како најсупериорни и најинтелигентни суштества треба да се погрижиме токму за тоа, додава Радевска.

За поставката се изработени дела од шест македонски уметници кои ги разоткриваат аспектите на климатските промени и важноста на биодиверзитетот за човечкиот живот.

Според Радевска, овие уметници, Вана Урошевиќ и Зоран Додовиќ, Маја Кировска, Велимир Жерновски и Ненад Тонкин и Озбек Ајваз беа нашиот избор како галерија „Акантус“ да бидат присутни на оваа изложба, секој со свое дело. Процесот траеше подолго, многу е важен разговорот меѓу уметниците и всушност нивниот пристап и нивната идеја нè охрабри дека ова може да биде една добра инспирација за сите да се загрижат – што понатаму?!, смета Радевска.

Документарен магазин Приказна на тема климатски промени

Уметничките дела ќе послужат како мотив за размислување при интерактивните дебати што Делегацијата на ЕУ ќе ги организира во следните три месеци. Изложбата ќе биде отворена за јавноста до 20 мај 2022 година. Резервација на време за посета и бесплатни билети може да се добијат преку Фејсбук страницата „ЕУ за Култура“.

За Приказна

Ване Маркоски

Бранка Чочковска

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,096FansLike
2,007FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ