15.8 C
Skopje
Saturday, October 1, 2022
spot_img

„Жените и фотографијата“ по деветти пат во Куманово

Во Куманово во изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ од денес е поставена деветтата традиционална изложба „Жените и фотографијата“ во организација на Фото клуб Куманово, изложба каде главен фокус е положбата на жената денес.  

Ова е првата изложба на Фото клуб Куманово и многу ја сакаме, бидејќи е наше прво чедо. Идејата беше да се обединат сите фотографки од државата. Почнавме прво локално, само во Куманово и во пресрет на Осми март се одлучивме да направиме изложба каде што ќе се изложат делата само на жени фотографки, бидејќи Куманово имаше многу добри фотографки. Изложбата стана веднаш популарна, па затоа и доби републички карактер. Денес може да се пофалиме дека е една од поголемите ревијални изложби, вели за „Приказна“, Марина Атанасовиќ, претседателка на „Фото клуб Куманово“.

Приказна: Која е целта на изложбата? Koja e пораката која ja праќате?

Атанасовиќ: Првенствено да ја издигнеме жената на пиедесталот на којшто заслужува. Во ова време во коешто живееме некако се навраќаме на традиционалните начини на разбирање дека жената е само за дома, а не е така. Жената е многу моќна, креативна, таа е создавателка и токму тоа преку фотографијата сакаме да го истакнеме.

Приказна: Велите „порано во Куманово имаше многу добри фотографки“. Ситуацијата денес е поинаква?

Атанасовиќ: Фотографките се тука, ама творењето ни е слабо. Еве јас ќе се земам за пример дека немам фотографирано цели две години. Сите кои ги познавам околу мене, не се толку активни денес. Има млади фотографки кои допрва ќе се истакнуваат.

Приказна: Колку дела ќе бидат изложени годинава?

Атанасовиќ: Оваа година пуштивме и проект до две основни училишта, таму се направија фото секции. Од фотографките беа издвоени нивните дела и оваа година и тие ќе бидат изложени. Околу 40-тина фотографки, плус делата на основците ученички. Темата е секако положбата на жената денес, но и слободна тема.

Следната година е планирано да се одржи 10-тото јубилејно издание на изложбата. Годинава изложбата ќе биде отворена до 23. март, а ќе биде поставена и во неколку градови низ државава.

Докуемнтарен магазин Приказна на тема фотографки

За Приказна,

Ване Маркоски

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

3,649FansLike
1,467FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ