19.8 C
Skopje
Friday, March 29, 2024
spot_img

Наташа Величковска, стоматолог: фотографијата е моја вистинска љубов

Наташа Величковска со фотографирање се занимава веќе неколку години. Најмногу се препознава во фотографијата-портрет. Љубовта кон фотографијата била многу посилна од љубовта кон стоматологијата. За „Приказна“ вели дека убавината во оваа професијата е во тоа што секој проект е уникатен, нуди можност за излегување од зоната на комфорот и за растење.

Приказна: Како почна вашата фотографска приказна?

Величковска: Мојата фотографска приказна започна додека бев на стоматолошки факултет. Добив стипендија и веќе некое време знаев дека сакам да вложам во фотоапарат за да креирам спомени со најблиските луѓе и патувањата, но за многу брзо време се пронајдов во портретите. Ги фотографирав најблиските и едноставно почнав да експериментирам со креирање концепти и сето тоа прерасна во многу повеќе. Решив да вложам во знаењето, фотографирав секој ден и во меѓувреме открив дека професијата за којашто учев осум години не е за мене и се префрлив на фотографија.

Приказна: Која е убавината на оваа професија?

Величковска: Убавината е во тоа што секој ден е различен, секој проект е уникатен и оваа професија нуди можност за излегување од зоната на комфорот и за растење.

Приказна: Има ли фотографка чија работа ја следиш со внимание?

Величковска: Тоа е Кејт Вудман која работи наративна фотографија и ме фасцинира тоа што креира цели сцени за да направи една фотографија.

Приказна: Дали фотографките во нашата земја се рамноправни со машките колеги?

Величковска: Од мое досегашно искуство, мислам дека жените се рамноправни со своите машки колеги.

Приказна: Што е твојата инспирација?

Величковска: Мојата инспирација ја пронаоѓам секојдневно, но најинспиративни ми се патувањата, од самиот процес на планирање, пакување, тргнување, пристигнување на нови места, архитектурата, храната…

Емисијата Приказна посветена на жените фотографи

Приказна: Дали фотографијата може да биде моќен медиум?

Величковска: Има еден пример кој сакам да го споделам. Пред некој разговарав со мојот пријател Драги Неделчевски, ми раскажа за фотографија која била наградувана, а автор на истата е Мехмед Аслан. Додека бил во Сирија фотографирал татко како го држи своето дете во раце, но детето за жал е без долни и горни екстремитети како последица на војните во Сирија. Многу луѓе допрени од таа фотографија, донирале средства за да на детето му биде пружена медицинска помош.

Приказна: Кој е твојот фотографски предизвик на кој сакаш да се насочиш во иднина?

Величковска: Предизвик ми се секој пат нови луѓе, уникатни лица кои не биле фотографирани досега, неоткриени локации и работа на филмски сет е голем предизвик за мене.

За Приказна,

Ване Маркоски

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,098FansLike
2,010FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ