16.8 C
Skopje
Wednesday, October 5, 2022
spot_img

Анета Додевска: навредите на социјалните мрежи кон луѓето од медиумите се секојдневие

Најчесто навредите на социјалните мрежи не се ниту скриени, се објавуваат на нашите приватни профили и во поштенските сандачиња. Ќе кажам еден пример каде што навредата дури и ја преминува границата на навреда и оди во форма на закана. Една од пораките гласеше: ќе беше добро навечер да те сретнам во „Газела“ каде што работиш, да те сопнам малку, за да ти покажам како треба да работиш- споделува во интервју за Приказна Анета Додевска – главен и одговорен уредник во ТВ „24“

Приказна Дали жените во новинарството за да напредуваат треба да се трудат повеќе од своите машки колеги?

Додевска Ако се навратам на моите почетоци во новинарството пред околу дваесет и пет години би била искрена дека патот на жената до некоја позиција во нашата фела е малку потежок во однос на мажот. Кај нас постојат декларативни заложби дека сите сме еднакви и треба да бидеме еднакви на тој пат, но моето искуство покажува дека од жената се очекува малку поголем труд и напор за да се докаже и да ги покаже своите способности. Мислам дека во однос на професионализам, во рамки на редакциите, зборувам за периодот пред две децении, за жените тој пат бил малку потежок.

Ако денеска погледнеме каква е состојбата во медиумите, можеби новинарството некогаш важеше за машка професија, но денеска ако гледаме математички, кога зборуваме за родова застапеност се променети. Конкретно кај нас во телевизијата „24“ во информативната редакција доминираат жените, а квалитетот на работата воопшто не е изгубен, кога зборуваме за професионалниот однос кон работата.

Можно е да е слика од еден или повеќемина, луѓе што стојат и внатре

Приказна Дали сте биле дискриминирани или мета на закани во својата професија? Дали социјалните мрежи придонесуваат за сексизам, закани и навреди кон жените во медиумскиот простор?

Додевска Најчесто навредите на социјалните мрежи не се ниту скриени, се објавуваат на нашите приватни профили и во поштенските сандачиња (инбокс). Ќе кажам еден пример каде што навредата дури и ја преминува границата на навреда и оди во форма на закана. Една од пораките гласеше: ќе беше добро навечер да те сретнам во „Газела“ каде што работиш, да те сопнам малку, за да ти покажам како треба да работиш. Оваа реченица покажува дека таа дотична личност знае каде работам, знае дека често навечер си одам од работа и ова дефинитивно го сфатив како закана затоа што ќе лажам ако речам дека не предизвика вознемиреност кај мене од аспект на мојата безбедност. На ваква порака може да се вознемири и некој од машкиот пол и јас како жена.

Жално е што дел од тие навреди и закани се сексистички, се атакува ако можам така да кажам по женска линија. Омаловажување, дискриминација, навреда од аспект на пол, од аспект на тоа дека сме жени, тоа е дел од нашето секојдневие.

Приказна Дали кога барате експертски став, внимавате на родов баланс?

Додевска Кога се подготвував за овој разговор, сакав малку да се информирам и најдов еден податок од еден наш медиум од пред десетина години дека на дебатни емисии на седуммина мажи имало по две не цели жени. Тоа покажува колкав јаз имало во застапеноста. Јас лично, и целиот тим што работиме заедно имаме уредувачка политика и пристап кон ова прашање да обезбедуваме и жени соговорници. Се обидуваме да го застапуваме оној родов клуч, етнички клуч и секој друг тип на образец што е потребен, бидејќи лично сметам дека постојат жени експерти кои се вооружени со знаење кои треба да бидат застапени, но да бидам искрена, многу често наидуваме на блокада – не можеме да најдеме на соодветен соговорник. На што укажува тоа?! Дека не само во нашата фела, туку и во другите фели сè уште постои таа недоволна застапеност на жените. Дали сè уште се присутни општествените бариери, присутните предрасуди кога зборуваме за родовата застапеност – не знам, но тој проблем постои во медиумите.

Документарниот магазин Приказна посветен на темата „Жените во медиумите“

За Приказна

Бранка Чочковска

Ване Маркоски

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

3,651FansLike
1,466FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ