8.8 C
Skopje
Monday, December 2, 2024
spot_img

Концерт на камерниот ансамбл „Нов здив“ во Охрид

Камерниот ансамбл на Филхармонија – „Нов здив“, овој петок во 21 часот ќе настапи во црквата „Св. Софија“ во рамки на фестивалот „Охридско лето“. Станува збор за настан во организација на Филхармонија на РСМ, кој се реализира како дел од програмата на најстариот фестивал во земјата.

На програмата се „Verklärte Nacht“ за гудачки секстет од Арнолд Шенберг, „Омен“ за соло сопран, кларинет, виолина, виолончело и ударни инструменти од Валентина Велковска-Трајановска и пијано квинтет од Антон Веберн. Диригент е Паскал Галоа од Франција.

Идејата за овој концерт на камерниот ансамбл „Нов здив“ произлегува од желбата и предизвиците за изведба и на современа музика на нашата музичка сцена, и фактот што во нашата држава не постојат многу состави кои се длабински посветени на новата музика. Членовите на камерниот ансамбл „Нов здив“ на Филхармонија во соработка со диригентот Паскал Галоа од Франција, грижливо прават селекција на композиции од македонски и светски автори. Сите композиции кои се дел од програмата на овој концерт се ретко изведувани, а дел од нив и премиерно ќе се изведат во РС Македонија, a наедно ова ќе биде и премиерно претставување на камерниот ансамбл „Нов здив“.

Членови на новоформираниот ансамбл „Нов здив“ се Бојан Илкоски (виолина), Марија Трајковска (виолина), Илза Бафтиари (виола), Александар Лаовски (виола), Паскал Краповски (виолончело), Драган Гоневски (виолончело), Игор Бакревски (кларинет), Маријана Николовска (пијано) и Атанас Алексов (ударни инструменти). Како солистка ќе настапи и сопранистката Гонца Богоромова – Краповски.

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,735FansLike
3,383FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ