5.8 C
Skopje
Friday, April 19, 2024
spot_img

Христина Митреска: Од првенка на генерација која освојува математички награди до студент на студии од соништата

Христина Митреска од Охрид беше првенец на генерација во средно образование. Започнала како стипендист во прва година, па приватното училиште Јахја Кемал поради освоените поени, комплетно и ги покрило трошоците за образование. Средното образование го заокружува како првенка на генерацијата, закитена со голем број регионални, државни и меѓународни награди и медали.

За Христина математиката е начин за релаксација. Ме опуштаат посебно натпреварувачките задачи, но оние олимписките се доста тешки и бараат многу мислење, дури понекогаш и со часови. Тие се голем предизвик и со многу работа може да се стигне до првична идеја која понатаму ќе може да се доразвие за да се стигне до решение. Сепак мој најголем предизвик е да ги искористам математичките знаења за напредок на медицината и генетиката, изјави за Приказна Христина.

Според неа, атмосфера на меѓународните натпревари е стресна бидејќи ја претставуваш целата држава и многу луѓе веруваат во тебе и очекуваат успех. Секако, важно е стресот да се остави надвор од салата на одржување на натпреварот. По натпреварот следуваат многу прекрасни моменти на дружење со натпреварувачите од другите земји кои остануваат запаметени.

Поддршка е многу важна. Ја добива од најблиските. Од моите ментори и мојата мајка која исто така е професорка по математика, секогаш добивам поддршка. За натпреварите работиме често, почнувајќи од почетокот на учебната година, а самостојно работам во текот на целата година, ја сподели за Приказна својта стратегија за успешно претставување на натпреварите каде учествуваше.

За успех, покрај напорната работа неопходна е љубовта кон она што се работи и самата желба да се постигне успех, вели Христина.

Документарен магазин Приказна на тема надарени деца

И покрај љубовта кон математиката, планот ми е да продолжам да ја изучувам генетиката. Во иднина се гледам како научник, мотивиран за нови откритија и сознанија. Најголема желба и цел ми е да придонесам во пронаоѓањето лек за многуте ретки болести и со тоа да им помогнам на милиони болни луѓе, додава Христина.

Таа е на пат да си ги реализира своите соништа, преку студиите по биотехнологија во Словенија.

За Приказна, Ване Маркоски

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,277FansLike
2,911FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ