Singular бележи една година како дел од најголемата групација за спортско обложување и гејминг – Flutter Entertainment Plc. За кратко време, го зацврсти своето место во интернационалната дивизија на Flutter, како иновативен бренд за технологија.
За Singular 2022 претставува година на трансформација во која компанијата ја комплетираше интеграцијата со Flutter на повеќе компаниски нивоа, вклучувајќи ги и enterprise системите и протоколите на Flutter. Промените создаваат услови за поголем оперативен раст, но и за нови можности за тимска работа и иновација. Тимот на Singular повторно се покажа во одлично светло завршувајќи ја годината со високи резултати и силен фокус дури и во периоди на огромни случувања, како Светското првенство во фудбал минатиот декември.
За соодветно прославување на успешната година, Singular организираше незаборавно патување за тимот во сончевиот Лимасол, лоциран на Кипар. Вработените имаа шанса да ги посетат Никозија и Лимасол, да ја искусат историјата, културата и локалната кујна на овие два града. Уште поважно, имаа можност подобро да ги запознаат своите колеги со кои секојдневно соработуваат, но и колеги од останатите тимови, да разменат знаење и искуства од својата култура и да воспостават подобра комуникација.
За прв пат од постоењето на компанијата целиот тим од трите канцеларии од Скопје, Тбилиси и Малта се собра на едно место со цел прославување на една година откако Singular e дел од Flutter семејството, како и многубројните успеси низ текот на целата година.
„Ме радува што сум тука со целиот тим на Singular за да наздравиме за уште една успешна година. 2022 беше година на промени, и горд сум на нашиот тим бидејќи ја искористи промената како можност за повторно да го потврди својот иновативен капацитет и посветеност на успех и квалитет. Тоа што прославуваме една година како дел од Flutter е уште еден доказ дека тимот на Singular создава продукти компетитивни на глобално ниво. Оваа година е само почеток, показател што сè може да постигнеме заедно со Flutter“, изјави извршниот директор на Singular, George Shamugia, на корпоративната новогодишна забава во Лимасол, Кипар.
Singular, како дел од групацијата која е лидер во својата индустрија, доби пристап и до нови придобивки за својот тим. Една од нив е можноста вработените да аплицираат за работни места низ сите канцеларии на Flutter во осум различни држави. Тие исто така имаат и богата размена на знаења со останатите брендови на групацијата преку повеќе дигитални платформи, како и учество на хибридни настани со фокус на врвни технолошки решенија. Нов пакет на придобивки за вработените е планиран целосно да се имплементира во текот на годината, а можноста да се напредува во Flutter е само една од нив.
Singular го обезбедува Flutter со својот иновативен софтвер со модуларна и мулти-вертикална архитектура којшто се докажа како успешен за влез на нови пазари. Тоа го докажуваат и високите признанија од индустријата што Singular ги има добиено, како и овогодишната награда The Best iGaming Technology & Media Provider of the Year од MiGEA (Malta’s Gaming Excellence Awards).
Flutter е мајка компанија на најголемите и светски најпознатите брендови во индустријата за спортско обложување и гејминг, меѓу кои: FanDuel, Sky Betting & Gaming, Sportsbet, PokerStars, Paddy Power и Sisal. Flutter е присутна на повеќе од 20 регулирани пазари за спортско обложување, и котира на Euronext и Лондонската берза. Групацијата е посветена на креирање позитивна промена во индустријата на глобално ниво.
Комерцијален текст