Дома Вести Златен медал за Дуња Иванова во Србија!

Златен медал за Дуња Иванова во Србија!

Велосипедистката Дуња Иванова освои златен медал на маратонот на Стара планина!

Дуња Иванова од ВК Енерџи, оваа недела избори победа на маратонот во
планински велосипедизам кој се одржа на Стара планина, Србија. Овој натпревар, во организација на веќе докажаниот бренд за спортски натпревари Србија Епик, беше дел од календарот на Светската велосипедска федерација – УЦИ.

Нешто повеќе од 60 км и висинска разлика од речиси 2400 метри беше предизвик за сениорската конкуренција во екстремно суви услови и брутални искачувања.

Со вкупно време од 5 часа и 9 минути, Иванова го заслужи златото и дополнителни 60 УЦИ поени. Второпласирана беше Бојана Јовановиќ од Србија, а за третата позиција се бореше Асја Борисова од Бугарија.

Во машката конкуренција, подиумот го делеа Мартин Фреј од Германија, Милан Нешиќ и Алекса Рајковиќ од Србија.

На овој маратон делегат претставник на УЦИ беше назначен комесарот Идо Еиндор од Израел, додека одговорен за организацијата на натпреварот – Немања Вајс, директор на брендот Србија Епик.

Exit mobile version