Дома Вести „House of style“ нова емисија за мода на Сани и Стејси на...

„House of style“ нова емисија за мода на Сани и Стејси на ТВ

По неколку години отсуство, модната новинарка Снежана Богдановска-Сани се враќа на малите екрани. Со малку видоизменет концепт, збогатен содржински и визуелно, но и со партнерска поткрепа од долгогодишната соработничка и ќерка Анастасија Богдановска-Стејси, која десетина години наназад ја следи Миланската модна недела од првите редови.

Според Снежана Богдановска-Сани „House of style“е колажна емисија посветена на модата и животниот стил. Со намера да го пополни вакумскиот простор на отсуство на ваквата тематика, во десетина рубрики, кои ќе се обликуваат различно и согласно актуелностите ќе бидат опфатени сите сегменти на модата и животниот стил (од најновите вести, преку актуелни теми до практични совети за стилот) каде што гледачите пред екраните ќе се анимираат на еден забавен, информативен и едукативен начин и ќе се забавуваат низ интересните модни приказни на нашите и светските модни дизајнери, критичари, инфлуенсери итн, додава Сани.

Низ разговорите во отвореното студио со познатите гости од светот на модата, музиката и јавниот живот ќе се откриваат модните совети и критики на релевантните стручни лица, но ќе се опфатат и теми од секојдневното урбано живеење во градот. Двете водителки, секоја специфична и оригинална на свој начин, ќе ја обликуваат 45-минутната приказна со коментари, совети и критики, ќе информираат за најновите трендови, ќе ги промовираат модниот речник и модните лица, ќе го промовираат модниот едиторијален трик преку трансформација на изгледот на ликот на секојдневните луѓе (пред и потоа), ќе информираат за новите модни збиднувања кај нас и во светот.

Емисијата се емитува на ТВ24 секоја сабота во 22:30ч.

Exit mobile version