Дома Инспирација „Не ме викај аутист – моето име е Адам“ лично сведоштво на...

„Не ме викај аутист – моето име е Адам“ лично сведоштво на Аниса и нејзиниот син Адам

„Не ме викај аутист – моето име е Адам“ втората книга на м-р Аниса Ејуп Беќировиќ-Трпчевска, која денес беше промовирана во „Даут-пашиниот амам“ во Скопје.

Мојот живот се дели на два дела, првиот е до раѓањето на Адам и соочувањето со аутизмот, а вториот дел, целосно го избриша првиот и одеднаш станав само мајка на Адам, вака Аниса Ејуп Беќировиќ-Трпчевска ја започна промоцијата на својата најнова книга.

Таа нагласи дела со одземањето на името, ние го одземаме и идентитетот на личностите, а сите овие лица се личности кои навистина постојат, кои поинаку функционираат, но сепак имаат исти емоции, исти желби и емоции и потреби како и сите останати.

Аниса е мајка на две деца, на малиот Роман, дете со типичен развој и поголемиот Адам, дете со атипичен развој. Минатата година ја претстави книгата „Јас и аутизмот – Водич за преживување за родители на деца со аутизам и посебни потреби“

Да се биде родител на дете со попреченост е исто како да живеете во еден паралелен универзум со универзумот во кој живееат сите останати типични семејства бидејќи нашето секојдневие е сосема различно, но најбитно од се’ е дека е полно со љубов и нови предизвици со кои секојдневно се соочуваме, но ги пребродуваме, затоа што јас сум личност која никогаш не се откажува и за мене не постои зборот невозможно, смета Аниса.

И двете книги на оваа инспиративна мајка се личен водич за животните битки и жртви на овие семејства. Нејзината лична приказна ја сподели во емисијата Приказна посветена на аутизмот.

Документарниот магазин Приказна на тема аутизам
Exit mobile version