-4.2 C
Skopje
Sunday, December 22, 2024
spot_img

Марија Вук: Французите се грижат за студентите и нивниот стандард

Марија Вук – мајка на Тео – бруцош на факултетот за информатички студии во Каен, Франција. Со нас го сподели искуството за студентскиот живот на нејзиниот син.

Каков е студентскиот живот во Франција?

Марија Вук – Според тоа како кажува мојот син има прекрасен живот во Франција, исполнет секој ден како со многу учење и многу задачи, но исто така и со откривање нови светови, нови пријателства, колеги од целиот свет. Од друга страна многу сериозни испити, тестови и научни програми кои ги совладува. Се разбира многу поинакви и поразлични од Македонија, но тој ужива во тоа.

Какви се условите, какво е сместувањето во кампусот?

Марија Вук-Вообичаено студентите кои заминуваат на студии во Франција преку амбасадата на Република Франција или преку владата на Франција (Тео е стипендист на француската влада) добиваат стипендија за школувањето, но исто така и за сместување во кампусот.

Во кампусот има неколку типови на сместување. За среќа Тео е сместен во поубавиот дел од кампусот. Станува збор за една нова зграда во која има повеќе од 200 соби. Тоа се апартмани кои се по девет квадрати. Навидум изгледа мал простор, но станува збор за едно кутивче во кое студентот има сè што му е потребно. Тоа значи свој тоалет, своја кујна, кревет, мини дневна соба и голема работна маса.

Какви обврски има студентот? Дали сам се грижи за собата?

Марија Вук – Сите студенти се грижат сами за собите. Французите се многу ригорозни во однос на хигиена и одржување на просторот. При описот на факултетот секој студент плаќа однапред една месечна кирија или рата. Доколку студентот не го одржува чисто или ако оштети нешто од инвентарот, таа кирија се задржува и не се враќа.

Имаат ли одредени бенефиции?

Марија Вук – Французите убаво се погрижиле за тој дел, секој студент кој е стипендист добива картичка со која може да добие попуст во локалните ресторани, но исто така и на културни манифестации. Последен пат ја искористија на локалното лизгалиште.

Документарен магазин Приказна

Дали е задоволен од исхраната?

Марија Вук – Тој веќе има некакви сознанија како изгледа француската кујна затоа што во одреден дел од животот и живеевме во Париз, па му е познато. Задоволен е од студентската менза, но не секогаш има време да отиде и да руча таму. Сакам да напомнам дека еден оброк е релативно евтин некаде околу три ипол евра што секој од студентите може да си го дозволи односно да јаде топол оброк, свежо зготвен.

Што се случува со спортско-рекреативниот живот?

Марија Вук-Кампусот е неверојатно опремен и е најверојатно голем колку една наша македонска просечна општина. Има 4-5 тениски игралишта, едно огромно фудбалско игралиште со атлетска патека, има неколку справи за вежбање, им стојат бесплатно на располагање на студентите.

Во последно време голем е интересот кај нашите ученици за студирање во странство. Сметате ли дека нашите ученици не се задоволни од овде или сепак стана помодарство студирањето надвор?

Марија Вук – Сметам дека сè уште во нашата земја постојат многу квалитетни и убави услови за студии. Понекогаш сметам дека дел од родителите, а не и децата мислат дека студирањето во странство може да биде и некаков општествен престиж. Кога децата одлучуваат, тогаш е вистински избор, а не е притисок од родител. Тогаш е желба која ќе си ја реализираат децата.

Наташа Јанкуловска Торевска

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,762FansLike
3,389FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ