17.8 C
Skopje
Thursday, September 19, 2024
spot_img

Да ја најдеме Вања!

Министерството за внатрешни работи (МВР) попладнево со фотографија и опис ја објави Вања Ѓорчевска во регистарот на исчезнати лица на Македонија.

„ЃОРЧЕВСКА ВАЊА, татко Александар, мајка Зорица, родена 27.2.2009 година во Скопје.

Исчезната на 27.11.2023 година во утринските часови на пат кон ООУ ‘Песталоци’ во општина Центар Скопје.

Опис: висина 175 см, тежина 58 кг, коса темнокафеава, очи кафеави, носи протези на горните и долните заби, има бенка на десна страна од лицето. Облечена во син блузон, црна јакна, црни фармерки со странични џебови, бели патики со кафеави линии. Со себе носи школски ранец и мобилен телефон ‘ајфон’“

Вчера во 7 часот и 20 минути утрото, 14 – годишната Вања Ѓорчевска, ученичка во ОУ „Јохан Хајнрих Песталоци“, излегла од дома и се упатила на настава. Но, на пат кон училиштето ѝ се губи секоја трага.

Полицијата апелира да не се шират дезинформации. Препораките од веб страната на МВР за помош во случаи на исчезнати лица може да ги прочитате овде.

Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Приказна.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено само на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Приказна.мк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

СЛЕДЕТЕ нѐ на

5,659FansLike
3,324FollowersFollow
spot_img

НАЈНОВИ